Искушението “радикален ислам” во Косово

Хоризонтот на А.Б. повеќе не е розов. Со месеци универзумот на овој албански Косовар кој сонувал за авантури и света војна во Сирија, е ограничена на скромниот семеен дом лоциран во старата зграда на Југословенската армија, во малку сиромашно село во близина на границата со Македонија.

1
По материјали на worldcrunch.com

Ставен во домашен притвор во очекување на судски процес годинава, 28-годишниот маж изгледа сосема малодушно. Неговото расположение е црно – речиси колку што е црно знамето на џихадистите, кон кои се приклучил крај Алепо, Сирија пред две зими.

“Мислев дека работам за чиста и праведна кауза”, вели тој. “Го ставив мојот печат на челичен терорист, иако не сум таков. Нема никогаш да си најдам девојка. Терористите немаат домаќинки”.

Романтичните проблеми на А.Б. се ништо во споредба со времето, кое најверојатно ќе го помине зад решетки.

Во летото 2014-та, локалната полиција организира голема операција против исламистичките мрежи во Косово. Извор близок до власта тврди дека полицијата најверојатно била предупредена за присуството на терористичка мрежа од американското разузнавање, кое било “загрижено од пасивноста на косовските власти”.

Во најновата држава на Балканот и последното парче откинато од поранешна Југославија во 2008-ма, има 95% етнички Албанци. Политички Косово претендира да се придржува кон потолерантна муслиманска традиција, наследена од Отоманската империја.

Качаник, град со 30 000 жители, како и неговата околина, претставуваат посебен интерес за полицијата.

Градот изградил лоша репутација поради родениот таму следбеник на “Исламска држава” Лавдрим Мухаџери кој ја демонстрира отворено суровоста на социјалните мрежи.

Во видео објавено во мај, тој користи гранати против млади луѓе врзани за дрво во Сирија.

Одгледување на радикални борци

Се тврди дека околу 20 лица од регионот заминале да се борат во Сирија на страната на џихадистите.

„Ова е многу сиромашен регион, со слабообразовано население, во близина на Македонија, каде што има можност да се проповеда радикализам, да се повикува на света војна и да не се биде казнет за тоа”, вели Скендер Петреши, истражувач во Косовскиот центар за безбедносни студии (KCSS ).

„Не можеме да ја исклучиме и двојна игра на Русија преку Србија, која може да ги користи овие радикални групи, за да го дестабилизира Косово”, додава тој.

Србија никогаш не ја прифати загубата на Косово, “лулка” на својата православна црква.

Што се однесува до Русија,  таа секогаш го смета Балканот за стратешки регион, за коридор меѓу Европа и Истокот.

618x412
Двајца косовски албански студенти седат во близина на Универзитетот во Приштина. Слика: Getty Images

„За време на војната во периодот од 1998-1999-та, предводена од косовските Албанци за независност од Србија, српската пропаганда ја опишуваше Ослободителната војска на Косово (ОВК) како опасна група исламисти. Војната никогаш не била религиозна“ – односно не била меѓу муслимански албански Косовари, и православни христијани-Срби – тврди Кадри Весели, претседател на Народното собрание на Косово и поранешен шеф на разузнавачката служба на ОВК.

Повеќето поранешни лидери на ОВК, кои се на власт од крајот на конфликтот, всушност ги обучувале во школата на албанскиот комунистички диктатор Енвер Хоџа (1908-1985).

Неговата грешка

Во раните утрински часови на 11 август 2014-та, А.Б. е уапсен на работното место, седум месеци по враќањето од Сирија.

Уште 40 лица, кои слично на него заминале таму, исто така, се уапсени. Најопасните од нив се уште се во затвор.

А.Б. е во домашен притвор, каде што размислува за грешката и за досадниот живот на депресивен татко.

“Единствените излегувања се моите посети кај стоматологот, под полициска придружба”, раскажува тој.

А.Б. може да биде осуден на 5-10 години затвор за учество во терористички активности.

Прочитајте и:  Австриската полиција уапси исламист кој планирал терористички напад на концертите на Тејлор Свифт

„Најверојатно ќе биде прогласен за виновен, но судиите може да пројават попустливост, бидејќи тој признава дека отишол во Сирија”, вели службениот адвокат кој преферира да остане анонимен.

Како и секаде, црното знаме на ИСИС и злосторствата прикажани во видеата на интернет, не уживаат посебна почит меѓу обичните луѓе и во Косово.

Youtube е местото каде започнува пропагандата за сите

„Бев очаен од глетката на сириски деца, убивани од армијата на Башар Асад”, вели тој. „Мислев за Косовската војна. Почнав да го проучувам прашањето на социјалните мрежи и го организирав сам своето заминување”, тврди тој.

“Приправник-џихадистот” зборува само албански, но неговиот брат, поранешен борец на ОВК, заминал за Сирија пред него. “За него најверојатно се згрижени албанските групи кои веќе се таму, од кои дел е и Лавдрим Мухаџери”, коментира Петреши.

2

А.Б. останува двосмислен кога зборува за времето поминато во Сирија.

„Има околу 300 Косовци во Сирија, некои од нив заминале со своите семејства”, вели Кадри Весели. Покрај нив има и околу 60 лица од републиката кои загинале до сега.

Хетем Дема, друг поранешен борец на ОВК е меѓу загинатите. За разлика од А.Б., чија што верска посветеност не е толку очигледна, 40-годишниот Дема бил радикализиран уште пред да замине во 2014-та.

Стравувањата од проширување

Овие лесни промени во ставовите сепак ги загрижуваат Кадри Весели и други аналитичари.

„Особено кога го набљудуваме активирањето на религиозноста во албанското општество, на позадината на сиромаштијата и кризата на идентитетот”, вели Линда Гуча, професор по социологија на Универзитетот во Приштина.

„Што иднина имаат пред себе младите во земја која останува надвор од Европа, освен религија или емиграција?”

На 27 ноември, две недели по терористичките напади во Париз, Кадри Весели оди во  Приштина.

Говорот што тој го одржува пред 500-те ученици во исламското училиште, има два акценти. Тој ја потврдува поделбата меѓу државата и религијата во Косово и ги потсетува дека “оние кои извршиле терористички напади, се непријатели на Бог и верата, криминални групи кои се стремат да го уништат нашиот став на верска толеранција и солидарност”.

Според зборовите на поранешниот дипломат, “никој не се сомнева дека косовските власти се искрени во својата борба против религиозниот радикализам. Од друга страна, некои ја критикуваат бавноста на нивната реакција против одредени угнетувачки феномени”. Со овие зборови тој ја оспорува “активноста на бројни невладини организации од Саудиска Арабија, како и на други организации кои се занимаваат со агитација под превезот на хуманитарната помош”.

3

Што нè враќа кон последиците од Косовската војна?

“Овие организации ја искористија празнината на повоениот период, од недостатокот на држава, за да шират екстремистички и религиозни ставови”, признава Џабир Хамити, професор на Факултетот за исламски студии во Приштина.

Џамии се изградени со пари од Персискиот залив, а верниците плаќат да ги посетуваат. Имами се обучувале во Египет и Саудиска Арабија, како и на други места.

Сето ова се случувало надвор од Исламската заедница на Косово – репрезентативната организација на исламот во државата.

“Тоа не ги прави терористи”, коментира Весели. “Но верскиот фундаментализам го носи во себе семето на тероризмот”.

“Десетина имами кои шират омраза и повикуваат кон пристапување кон света војна во Сирија беа уапсени во текот на летото во 2014-та”, раскажува Хамити. Меѓу нив е и имамот на Големата џамија во Приштина.

„Семето на радикализмот беше посеано пред повеќе од 10 години”, резимира социологот Линда Гуча. “Тоа имаше време да умре. Сега ќе биде тешко да се ослободиме од него”.

- Реклама -