Нема да има друга Синди Крафорд

Cindy-C[1]

Феноменот на современите модели кои се самопромовираат по социјалните медиуми и други платформи, во моментов е толку присутен што речиси стана клише. Ама да си го претвориш името во бренд не е лесно како што е лесно сам да си тераш пи-ар на Instagram. Многу пред на социјалните мрежи да постојат купиштата фанови и следбеници  на Кара, Кендал и Кајли, изгреа ѕвездата на Синди Крафорд.

Американката покажа дека една жена може да прави многу повеќе (а и да заработува многу повеќе) од тоа само да позира и да оди по модната писта. Синди беше еден од првите „супермодели“ кои Rolling Stone некогаш ги нарече „најчисто олицетворение на човековото совршенство во нашиот еволутивен континуум“, а беше и првиот модел кој го конвертираше своето име во бренд, бренд кој подоцна стана бизнис-империја.

На 20-ти февруари, Крафорд ќе наполни 50 години. Само пред неколку дена соопшти дека нејзината кариера како модел е завршена. Во интервјуто за списанието на United Airlines – Rhapsody, таа рече:

„Работев со неверојатни фотографи. Што уште да правам? Не можам да продолжам постојано да се покривам себе си. Не би требало да се бара да се самодокажувам одново и одново. А и не сакам“.

Дефинитивно, Синди одамна докажа што имаше да докаже. Особено со сето она што го постигна откако пред 30 години се пресели од едно мало гратче во Илиноис во големиот Њујорк, за да гради кариера на модел.

166[1]Подем како на Крафорд денес е невозможен.

Во само три години во индустријата, таа стигнува на насловните корици на 200 списанија и станува репер за супермодел за цела генерација на 90-тите. Станува прочуена како по телото, така и со бемката над усната – осигурена на милион долари. Токму бемката на Крафорд, барем според Жижек, е причината што во една анкета таа ја победи Клаудија Шифер и токму бемката е она што ја прави неодолива за машката популација.

Сеедно, Крафорд станува заштитно лице на Revlon, заштитно лице на Pepsi, амбасадор на часовниците Omega (партнерство кое трае 20 години), а малку подоцна и водителка на House of Style на MTV, при што конечно ќе видиме дел од нејзиниот карактер – ретка привилегија за моделите од тоа време.

Како брзиот погрес во кариерата, брзо прогресира и нејзиниот претприемнички дух – Синди ќе објави свој календар за капење, како и свое видео со вежби – „Cindy Crawford: Shape Your Body Workout“. Во 1995-та, се појавува Fashion Cafe – ресторан кој Крафорд, заедно со неколку други супермодели, ќе го отвори во Рокфелер Центар. Истата година е прогласена за најплатен модел во светот.

Во 2005-та таа создава многу успешна серија мебел – „Cindy Crawford Home Collection“, во која беше партнер со брендови како Raymour & Flanigan. Колекцијата и до ден денес и носи профит од повеќе од 250 милиони долари годишно. Четири години подоцна, на пазарот се појавува и серија производи од полето на животниот стил, заедничко чедо на Крафорд и JC Penney (познат ланец маркети).

gallery-1443640485-gettyimages-104622587[1]Неколку години живееше во вонбрачна заедница со Ричард Гир, со кој се запознава во 1987-мата, благодарение на фотографот Херб Риц – нивен заеднички пријател. Двајцата влегуваат во брак дури во 1991-вата, а се разведуваат четири години подоцна – во 1995-та, кога Крафорд е на врвот од својата кариера. Година порано, двајцата се појавија на реклама на цела страница во лондонскиот Times, со која беа демантирани гласините дека Гир е геј и дека нивната врска се распаѓа.

„Ние сме хетеросексуални и моногамни и ги прифаќаме меѓусебните обврски со голема сериозност“, гласеше рекламата. „Немаме планови, ниту некогаш сме имале планови за развод. Остануваме во брак. Не можеме да дочекаме семејството да ни се зголеми“.

Набргу по разводот, Крафорд започнува врска со бизнисменот Ренди Гербер. Во брак се 17 години. Имаат две деца – 14-годишните Присли и Каја, која е плукнат двојник на Крафорд и потпиша договор со IMG Models во јуни минатата година.

Најавата за повлекување во модното списание изгледа како чуден избор. Сепак, Крафорд посочуваше дека ќе ја заврши кариерата на неколку наврати во последната година. „Сигурна сум дека ќе ме фотографираат барем уште 10 години“, вели таа за Rhapsody, „но веќе не како модел“.

Последните неколку месеци Крафорд ги помина во промовирање на нејзината нова книга „Becoming“, која е делумно ретроспектива на нејзината кариера, а делумно мемоари. Во неа пишува за своите проблеми со перцепцијата на своето тело и ја коментира трајната опсесија кон слабите модели во индустријата.

Синди исто така учествува и во жешката рекламна кампања на Balmain, за пролет 2016-та, рамо до рамо со своите современички супермодели Клаудија Шифер и Наоми Кемпбел (чекор во поинаква насока за париската модна куќа која до неодамна преферираше познати актуелни модели како Кендал и Канје). Има ли подобар начин за збогување од тоа Крафорд да се појави во фасцинантната (и секси!) црно-бела кампања за Balmain, рамо до рамо со две други супермоделки од 90-тите?

10221605-cindy-crawford-naomi-campbell-claudia-schiffer-reunies-pour-balmain-750x400[1]

„Големите бројки се тешки и неверојатни за мене. Се будиш на 40, па скоро на 50, и сфаќаш, јас уште сум јас. Фактот што ја работам работата што ја сакам, имам добра врска со сопругот, со моите прекрасни деца, сé тоа не ги прави нештата тотално безболни – бидејќи сé уште постои малку од тој копнеж за она што некогаш било – но, што би менувала во замена за тоа? Кој ден или кое искуство од мојот живот би го дала за да бидам помлада?“ Нејзините познати усни се искривуваат во насмевка и изустуваат: „Никој.“

- Реклама -