Масив Атак ja претстави новaтa песна со демонски спот

Сите ние си имаме демони. Гремлини кои демнат во длабочината на душата во пребарување по некое зло или несигурност кои не прогонуваат секој ден, а кога ќе се појават, тогаш тие се тука за да ги поткрепат.

Во новиот спот на ‘Massive Attack‘, во режија на Хиро Мураи, се чини дека оваа идеја е донесена до екстрем. Демоните се претставени како гадни темни суштества со уиграна кореографија, и како вистинска банда на лоши мисли, која на крајот ќе те земе и така измачен ќе те убие.

Take it there има ненормално застрашувачки и заканувачки акорди, проследени со чудното и осакатеното одење на овие демони, кои и` даваат посебна нота.

Траката доаѓа од неодамна најавениот Ритуал спирит EP, кој сега и офицојално излезе и нуди уште три песни во кои се соработките со Young Fathers, Рутс Манува и Азекел.

- Реклама -