Едвард Линли Стамбурн е прадедо на сите „Street fashion” фотографи – тој фотографирал добро облечени жени по улиците на Лондон уште во 1906 година!
Целта на фотографирањето била, подоцна, фотографиите да бидат искористени како модели за цртежи. По професија Линли Стамбурн бил карикатурист и уметник, а фотографијата негово хоби.
Најпрво фотографирал главно во работилницата, но потоа сè повеќе и по улиците низ Лондон. На почетокот на минатиот век, конвенциите за немешање во приватноста биле поконзервативни и Линли Стамбурн фотографирал со скриена камера, па повеќето жени не се сомневале дека „паднале“ пред објективот.
Покрај тоа што се вредни историски документи, овие фотографии се совршени модни сведоштва. Обрнете внимание колку добро се облечени жените: со капи и ракавици, со убави блузи, со пристојно скратени здолништа.
Да ѕирнеме во уличната мода, од пред точно 110 години.