По Јунг

Карл Густав Јунг (роден 26 јули 1875, Швајцарија) е швајцарски психијатар, основач на една од насоките на аналитичката психологија.

Карл Густав Јунг
Карл Густав Јунг

1. Таму каде што има власт, не останува место за љубов.

2. Нема полицемерна блудница од интелектот, што одлучува да го замени срцето.

3. Велат дека ниту едно дрво не може да дојде до рајот ако неговите корени не го достигнат пеколот.

4. Имав стар чичко. Еден ден ме сретна на улица и праша: “Дали знаеш како Ѓаволот ги мачи грешните души?”. Јас одговорив негативно и тој рече: “Ги тера да чекаат”. Потоа продолжи по својот пат.

5. Здравиот човек не се изживува над другите. Мачителот претендира маченик.

6. Не го задржувај оној кој си оди од тебе. Инаку нема да дојде оној кој доаѓа кон тебе.

7. Сè што те иритира кај другите, може да доведе до разбирање кон тебе самиот.

8. Дури најсреќниот живот не поминува без темни моменти и зборот “среќа” не би имал смисла, ако не беше базиран на тагата.

9. Ако сте надарен човек, тоа не значи дека сте добиле нешто. Тоа значи дека вие едноставно можете да предложите нешто.

10. Она на кое што му се спротивставуваш – останува.

11. Ако не сфатиме што се случува внатре во нас, тогаш надвор од нас ќе ни се чини дека тоа е судбина.

jung

12. Оној кој гледа надвор од себе – спие. Оној кој почнува да се гледа во себе, се буди.

13. Средбата на две личности е како мешање на две хемикалии: ако има дури и најмала реакција, се менуваат и двата елементи.

14. Најтешкото бреме што паѓа на рамениците на детето – тоа е неизживениот живот на неговите родители.

15. Оној кој не ветува ништо, не исполнува ништо. Секој кој ветува премногу, стапнал на патот на уништувањето.

16. Фанатизмот е знак за депресивен сомнеж.

17. Ако човек навистина е убеден во исправноста, тој е апсолутно мирен и може да ја дискутира спротивната гледна точка без сенката на незадоволството.

18. Главната заблуда на општеството е тоа што постојат одговори, решенија или ставови кои само треба некој да ги изрази, притоа, давајќи ја потребната јасност. Но, како што покажуваат бројни примери од историјата, вистината не значи ништо, додека таа не се претвори во лично, внатрешно искуство.

19. Колку повеќе животот на човекот е исполнет со колективни норми, толку аморална индивидуа е тој.

20. Осаменоста не се должи на недостатокот на луѓе наоколу, туку на неможноста да зборуваме со луѓето за она што ни се чини значајно или неприемливоста на нашите ставови за другите.

21. Депресијата е како дама во црно. Ако е дојдена, не ја бркајте – поканете ја на масата како гостин и слушнете го она што таа има намера да ви го каже.

22. Да се биде “нормален” е идеал за губитник, за секој кому што не му успева да се издигне до нивото на општите барања. Но за оној чии што способности се над просекот и кому не му е тешко да постигне успех, предавајќи го својот удел на секуларизмот, за таквите луѓе нормата значи неподнослива досада, пеколна безпросветност и безнадежност. Како резултат на тоа, многу луѓе стануваат невротици поради фактот што едноставно се нормални, додека други страдаат од неврози, бидејќи не можат да станат нормални.

23. Што го разликува генијот од безумничето? Безумникот гледа, но не знае како да го пренесе, а генијот може да го пренесе тоа на јазикот на свеста.

 

- Реклама -