Последното интервју со Хитлер

Само деноноќие пред самоубиството на Адолф Хитлер, швајцарскиот новинар Курт Шпејдел му поставил неколку интересни прашања.

На крајот на април 1945 година извршниот секретар на партијата Мартин Борман добил задача да воспостави контакт со новинар од земјите кои задржаа неутралност, и да ги доведе во бункерот на канцеларијата на Рајхстагот. Самиот Шпејдел загинал за време на освојувањето на Рајхстагот, но стенограмата, заедно си сите документи биле однесени во Москва. Токму таму пред речиси 20 години е откриенo последното интервју меѓу архивите на Музејот на вооружените сили.

Во 1995 година еден од соработниците во музејот го дешифрирал стенограмот и останал запрепастен од вредноста на историскиот документ. Веднаш се обратил кон редакцијата на рускиот весник “Националнаја газета” и денес имаме можност да ги прочитаме прашањата кон диктаторот и неговите одговори, непосредно пред смртта.

adolf_hitler__in_colour__27_by_julia_koterias-d8pp6d4

Пред 27 години, влеговте во политичка борба, претпоставувавте ли дека ве очекува такво финале?

А.Х .: Да, уште тогаш знаевме на што се нафаќаме и каде одиме. Ние се одлучивме на одлучувачка борба (Endkampf), залог во кој беа самиот живот и постоењето на белата раса. На маса беше ставено сè и излезите можеа да бидат два: да победиме или трајно да загинеме.

Денес, 29 април 1945 година, сфаќате ли дека претрпевте пораз?

А.Х.: Не мислам дека сме изгубиле. Германија – да, таа ја загуби војната, Вермахтот претрпе пораз. Но ние дадовме поттик на една моќна идеја. Национал-социјализмот нагледно ја докажа својата апсолутна предност. Сетете се на 1918, сетете се на 1920 година – каде беше Германија тогаш? За неколку години, во кои бевме на власт, ние ја создадовме најголемата држава во историјата на човештвото. Изградивме економија, воспитавме здрави млади луѓе – здрави духовно и физички.
На крајот во историјата остануваат само големите дела. Кој сега се сеќава за илјадниците работници, кои загинале при изградбата на египетските пирамиди? Денес остануваат само самите грандиозни чуда како пирамидите!
Да, ние паднавме во борбата, но е тоа е пропаст кон врвот (der Fall nach oben). Национал-социјализмот припаѓа на иднината. Не се плашам да кажам дека ова е иднината во 21-от век. Не би бил изненаден ако во 21 век национал-социјализмот победи во Русија. Во годините на војната бев принуден да ја преиспитам гледната точка за расистите. Погледнете што ќе ви кажам: никој тука во Европа, ниту на друго место, знаеше за Русија. Јас воопшто не ги идеализирам Русите – во нив има нешто многу азиско. Фактите се си факти: руската нација се покажа силна и издржлива во оваа луда војна и јас нема да се изненадам ако спасението на белата раса дојде од Исток. Звучи логично.

Велите дека победи идејата, но ја изгубивте војната. Логичното прашање е: Имавме ли потреба од оваа војна?

А.Х .: Зборувате како целиот свет да зависеше само од мене  дали да ја започне оваа војна или не. Знам дека по нашата смрт врз нас ќе ги пуштат кучињата. Ќе нè нарекуваат агресори и војнољубци. Но, тоа не е вистина, ниту јас, ниту кој и да било друг во Германија ја сакаше оваа војна. Новата генерација Германци изградија голема земја и не е нивна вина што им ставија прачка во тркалата. Американците, Англичаните и Евреите низ целиот свет направија така да започне оваа војна, за да се задуши растот на младото национално движење.

Само идиот може да си помисли дека војната се родила во главата на нашите стратези. Видете, во ’39 година ние бевме опкружени со непријатели кои нè надминуваа и бројно, и технички. Но, дури и во такви услови германскиот дух манифестираше хероизам.

Гледајќи наназад, дали се плашите за некоја од вашите активности? На пример за таканаречената конечна одлука на еврејското прашање?

А. Х .: Во овој трагичен момент за Германија не би можел да размислувам за Евреите.

Целото интервју

 

- Реклама -