Манекенки – никогаш насмеани

GettyImages-4657799883667323340[1]

Почнува нова сезона на модни недели, а Лондон, Њујорк и Париз ги засукуваат ракавите за уште еднаш да докажат зошто се модни центри. Едно е сигурно, манекенките нема да се смеат.

„Празниот“ израз е стара традиција и неразделна карактеристика на однесувањето на моделите. Многумина се противат на обичајот на несмеење и љубовта што модната индустрија ја негува кон „намуртениот“ израз со малку напрчени усни. Ама пистите се зона на забрането смеење – можеби на крајот од шоуто, кога на сцената ќе излезе креаторот, ама во спротивно, никако. Дури и во модните едиторијали, насмевките се како стек и пржени компири во чинијата на некоја манекенка – многу, многу ретки.

За тие од модните кругови, ова е и многу предвидливо. Предвидливоста е супер ако си автобус или кафе по мерка – ама нели поентата на модата е да ги поместува естетските граници и да воведува промени?

Photographer: David Wood, 139 Clarendon St, Emerald Hill [South Melbourne] [1873-1883]

Неподвижниот израз на лицето на моделот всушност потекнува од аристократскиот презир кој го гледаме во кралските портрети од 19-от век, но, пред сé, кажува многу нешта.

Модната фотографија веќе долго го користи арогантниот израз, за да го сугерира статусот кој „правата“ облека ќе му го донесе на оној кој ја носи. Во основа, тој израз вели „Јас сум подобар од тебе“, бидејќи одбива да го понуди отвореното, насмеано лице на гостопримство кое го користиме кога сакаме да охрабриме некој со кого сакаме да комуницираме. Исто така носи и признак на самоконтрола, неподвижна горна усна и ноншалантност типична за европските високи класи, кои се сметале за квалитети кои тогашната работна класа „имала потешкотии да ги изразува“.

Емотивната контрола исто така сугерира и воздигнатост над земните проблеми, пристап до „повисоко знаење“ и – во модниот свет – способност да се остане „недопирлив“ за сé што може да ја разниша твојата цврстина. Ова особено доаѓа до израз во ситуации кои теоричарот Ервинг Гофман ги нарекува „судбоносни“ – ситуации во кои твоето достоинство и прибраност се изложени на поголем ризик од просечниот. Затоа воените пилоти имаат „железни фаци“ и затоа се восхитуваме на ноншалантни криминалци во филмовите (како супер-негативецот Ханс Грубер во „Умри машки“).

Alberta+Ferretti+Runway+Milan+Fashion+Week+8EDltTDrmESl[1]

Судбоносната ситуација на манекенките е малку поинаква, ама во основа, нивниот израз одлучува како ќе бидат прифатени од публиката. Замисли си го тоа вака: утре одиш на работа со сосема нов стил, кој отстапува од рамките на општо прифатеното. Ако си насмеан, ќе те гледаат како будала. Ако имаш самоуверен изглед и „не трепнуваш“, ќе те ценат за храброста, а можеби и ќе се приклучат на твојот нов тренд.

Само модел

Моделот на модната писта нема сопствен глас при изборот на облеката – на еден начин, нивната прибраност говори во име на дизајнерот. Моделите мораат да изгледаат безгрижно, „недопирливо“, способни да се движат лесно и да имаат целосна контрола врз рацете и фацијалните мускули, бидејќи мозокот зад трикот е дизајнерот и треба да нé убеди во нивната самодоверба.

Моделот не смее да изрази карактер, тоа би било непристојно бидејќи може да го одвлече вниманието на публиката од облеката, а се разбира, и затоа што токму преку облеката треба да биде изразен карактерот на креаторот. Еден маргинален пример: ако носи сообраќаен конус наместо капа и се смее, тоа може да биде сфатено дека се чувствува посрамено, или дека го исмева обидот на дизајнерот. Сепак, таа е само модел и нема право на мислење, туку има задача да ги убеди гледачите дека тоа е новото „ин“. А ако колекцијата пропадне, модната куќа или кој и да стои зад неа, ќе изгуби не само углед, туку и многу пари.

„Подобра сум од тебе. Подобра сум од тебе. Подобра сум од тебе...“
„Подобра сум од тебе. Подобра сум од тебе. Подобра сум од тебе…“

Затоа, моделите не можат да си дозволат да се смеат. Што и да им се врти во главата, тие мораат да чекорат со израз на лицето што демонстрира презирлива самодоверба, макар и смртно да се плашеле да не се сопнат.

- Реклама -