На 95-годишен нацист му се суди за 3.681 убиства во Аушвиц

germanija

На 95 годишен маж кој работел како болничар во нацистичкиот „логор на смртта“ во Аушвиц ќе му се суди за наводно помагање на убиство на 3681 луѓе.

Според германските обвинители, Хуберт Зафике бил наредник во нацистичкиот Заштитен одред во Аушвиц од октомври 1943 до јануари 1944 година. Подоцна работел како болничар во „логорот на смртта“ од 15 август до 15 септември 1944 година. Во текот на тие месец дена, во логорот се примени најмалку 14 возови со затвореници, меѓу кои и возот во кој била тинејџерката Ана франк со нејзиното семејство. Повеќето затвореници умреле во гасните комори.

Во декември (2015), судот во Росток, Северна Германија, го прогласува Зафике способен за судење, а во понеделникот,18 јануари, најавено е  дека постапката ќе започне на 19-ти февруари. Првото рочиште требаше да се занимава со здравјето на Зафике и со тоа дали е тој е способен да му се суди. Уште две расправи се планирани за март годинава.

Поранешниот болничар не е обвинет дека директно е вмешан во убиствата, но обвинителите велат дека тој бил свесен за тоа за што случувало во логорот. Според обвинителите, со тоа што бил дел од организацијата на логорот, свесно учествувал, па дури и помагал во убиства на повеќе илјади луѓе.

hubert

Германскиот суд направи преседан кога станува збор за судските процеси против вработените во нацистичките концентрациони логори кои се обвинети за соучество во убиствата. Во јули, минатата година, 94 годишниот Оскар Гренинг, познат како „чуварот на книгите на Аушвиц“, беше осуден на четири години затвор откако призна дека бил соучесник во убиство на 300 илјади луѓе во Аушвиц. Историчарите проценуваат дека од мај 1940 до јануари 1945 година се убиени најмалку 1,1 милион луѓе во Аушвиц.

Уште два случаи кои се однесуваат на вработени во логорите чекаат да им се суди во Германија. Во градот Детмонд, човек кој е идентификуван како Рајнхолд Х. беше обвинет за помагање на убиството на 170 илјади луѓе во Аушвиц и беше прогласен за способен за судење.

Во северниот дел на Германија, 90 годишна жена е обвинета за помагање на убиство на 260 илјади луѓе. Нејзината одбрана продолжува да тврди дека таа не е во состојба да и` се суди. Конечната пресуда за тоа дали е можно да се продолжи претресот ќе се донесе наскоро.

- Реклама -