Безобразно безобразни реклами

Ќе ви покажеме реклами од различни земји во светот што поминаа со најголем број поплаки.

Рекламирање на PETA со слоган “Сите животни имаат исти делови на телото” и учеството на Памела Андерсон облечена во костим за капење, е една од нив. Телото на Памела е поделено на зони со натписи “гради”, “бут”, “ребра”, и др. Властите на Канада ги обвинуваат креаторите на рекламата за сексизам.

reklama1

Постер на General Motors со набилдан Алберт Ајнштајн, се обидува да им ја продаде на потрошувачите идејата дека “идеите се исто така секси”. По повод оваа слика дури е одржан судски процес.

reklama2

Поради оваа реклама во Франција непушачите влегуваат во конфликт со најревносните поддржувачи на традиционалните семејни вредности. Иако натписот на плочата е: “Со пушењето, стануваш роб на тутунот!” овој рекламен постер открива друга смисла.

reklama3

Слики на монаси и тема на заведување во реклама на сладоледната компанија Antonio Federici. Првата опција на рекламата, полуголи свештеници подготвени да се оддадат на гревот и држат во рацете сладолед е објавена во еден британски таблоид. Рекламата е забранета, но и покрај тоа фирмата за сладолед не се смирува. Следната година се појавува серија од постери, повторно со монаси.

reklama4

Рекламирањето на мирисот од Tom Ford може да се нарече најскандалозната слика на познатиот фотограф-провокатор Тери Ричардсон, кој правел фотографии за брендовите Emporio Armani, Yves Saint Laurent, Sisley. Рекламата е забранета како порнографска во неколку земји.

reklama5

Најдлабоко во “духовната тема” плива италијанската марка за модна облека Бенетон. Во реклама на брендот во рамките на програмата Unhate (“Без омраза”) Папата Бенедикт XVI се бакнува со египетскиот имам, а претседателот на САД, Барак Обама со претседателот на Венецуела, Хуго Чавез и кинескиот лидер Ху Цинтао. Во Ватикан оваа толеранција не била разбрана – наречена е непочитување кон папската институција и провокација. Рекламите подоцна беа демонтирани.

reklama6

Реклама на Benetton за отворањето на Олимписките игри во Сиднеј, посветена на борбата со СИДА.

reklama7

Рекламата на Sisley од 2003 година беше забранета од страна на градската власт.

reklama9

Во Австралија, Советот за рекламните стандарди и препорачува на компанијата Lush (локален производител на козметика) да “ја омекне” својата рекламна кампања со предизвикувачки наслов Go Naked (“Да Одиме голи”). Скандалозната акција на Lush имаше двојна цел – промоција на позитивен однос кон сопственото тело и афирмација во главите на потрошувачите за идејата дека на природните производи не им е потребно пакување. Покрај забраните, Lush одбиваат да ја променат рекламата.

reklama10

Поради фактот што девојчето на сликата е симено во сексуална поза и облечено како возрасна жена, рекламата на пролетната колекција на Miu Miu беше првично забранета. Потоа сепак се испостави дека девојката симена во рекламата е модел на достоинствена возраст од 22 години.

reklama11

Во Санкт Петербург одбиваат да објават по улиците на градот реклама, нарачана од Малаховскиот месокомбинат. Колбасите се проследени со напис од името на жена.

reklama12

Со бројот на забраните Британија самоуверено го држи првото место меѓу другите земји во Европа. Рекордот во оваа сфера му припаѓа на рекламирањето на аромата Opium (Yves Saint Laurent) со слика на голата актерка Софи Дал, што било сметано за особено провокативно.

reklama13

Во 2013 година, пак во Велика Британија, сe смета за премногу шокантна телевизиската реклама на аромата Coco Mademoiselle, Chanel, па истата соодветно е симната од комерцијална употреба.

reklama14

Рекламирањето на компанијата за енергетски пијалоци Pussy е забрането во Велика Британија за “директни сексуални инсинуации”. Ако додадеме дека рекламата е придружена и со слоган “Пијалокот е чист, проблемот е во вашата глава”, ситуацијата со забраната изгледа доста зачинето.

reklama16

- Реклама -