Фотографката Џесика Ледвич од Мелбурн создава серија на фотографии наречена “Монструозна женственост”. Со овие брутални кадри таа ги исмева стандардите за современата женска убавина, прекумерната суета и болниот стремеж кон совршенство и вечна младост.
Со помош на фотографиите, Џесика ја покажува манијата на жените кои сакаат по секоја цена да ги трансформираат своите лица и телата во согласност со наметнатите стандарди во денешното општество.
Се разбира дека е важно да изгледаме добро, но додека истото не се претвори во болна амбиција. Да не заборавиме дека што и да правиме со своите тела, сите ние старееме. Дали ќе имаме неколку брчки повеќе, дали ќе качиме 5 килограми или косата ќе ни побеле, тоа во никој случај не нè прави погрди – само природни.