Агенцијата на духовит начин прозборе за ситуациите поврзани со летачки чинии и неидентификувани летачки објекти, нарекувајќи ги објавените фотографии „нивното Досие Икс“.
ЦИА објави стотина документи со кои е симната ознаката на тајност, а се однесуваат на оваа тема.
-Одлучивме да објавиме документи кои се интересни и за скептиците, но и за оние кои веруваат, велат од ЦИА.
Сите документи се од четириесетите и педесетите години на минатиот век.
Еден од нив е извештајот од Источна Германија каде агентите истражувале приказна за огромна летечка чинија. Слични извештаи се работени и во Шпанија и Северна Африка.
-Фотографијата од објектот прикажува дијагонална линија и светло кое се намалува, стои во еден од документите.
ЦИА дури објави и неколку фотографии од НЛО, но и нешто што се претставува како делови од тело на вонземјани?!
Така во еден од документите има и совети за тоа како да направите колку што е можно подобра фотографија од НЛО.
„Направете колку што е можно повеќе фотографии од неидентификуваниот летачки објект, а ако е возможно, на фотографијата нека се гледа и дел од земјата, а не само објектот, за да се види колку е голем и колку е блиску“ – порачуваат од агенцијата.