Фала ти за сè

Фотографката Ивона Пинковиц е родена во полско село. Нејзиниот татко премногу работел за да му овозможи пристоен живот на своето семејство, па целиот свој живот тој никогаш не згазнал надвор Полска и покрај желбата да го осознава светот и да патува.

Свесна за жртвата, Ивона пронашла начин да му се заблагодари на нејзиниот татко за напорната работа и посветеноста преку еден од нејзините проекти.

“Со мојата работа, може да се патува многу.”

t1

“Јас одлучив дека е време да го поведам татко ми на неговото прво патување во животот,” – вели Ивона.

t2

“Тој мораше да работи напорно, понекогаш и во две смени.”

t3

“На почетокот на годината резервирав билети за лет до Сингапур и го повикав татко ми со мене.”

t4

“Тој беше мојот најдраг фото-објект.”

t5

“Татко ми со целото срце се нафати да учествува во проектот.”

t6

“Едвај чекаше да тргнеме.”

t7

“За мене беше посебно искуство да го гледам како му се радува на животот”

t8

“Им се радувавме и на наједноставните нешта, како на пример кога ќе седневме да се релаксираме во базенот.”

t9

“Прошетката по песочната плажа беше сосема ново искуство за него.”

t10

“Би сакала со оваа фото приказна да им порачам на сите да му посветат повеќе време на своето семејство.”

t12

“Ова е едно од најубавите искуства во мојот живот!”

t13

- Реклама -