Хиперството е младинско движење, кое се јавува во САД во 60-тите години на XX век и постепено опаѓа по 70-тите години, иако и денес постојат хипици во одделни земји во светот.
Контроверзните мислења за суштината на хипи движењето – според некои тоа е културен феномен, според други е политичко движење, а трети сметаат дека е религиозно. Не може да се одрече дека сепак хиперството диктира нови трендови во модата, музиката, ликовната уметност и литературата.
Тоа влијае врз севкупниот развој на општеството и многу негови идеи постепено ги имплементираме во секојдневниот живот – промената на моралните норми, здравата храна, заштитата на природата и др.
Движењето се зародило во САД, а потоа брзо се шири во Англија и во останатите европски земји, а подоцна и во Јапонија, Австралија и Нов Зеланд. Кулминација на движењето настапува со Летото на љубовта (The Summer of love) – каде се собираат околу 100 000 луѓе во Сан Франциско во текот на летото 1967 година и фестивалот Вудсток во 1969 година.
Да погледнеме уште неколку фотографии кои ја отсликуваат хипи модата, вклучувајќи ги задолжителните фармерки и слободна, лабава облека во светли бои, шарените детали и долгата коса.