Сириски бегалци ги реконструираат историските споменици што ги уништи ИСИС

rf112818_medium_res_social_media.jpg__1072x0_q85_upscale[1]

И додека исламистичките милитанти продолжуваат систематски да уништуваат некои од најценетите светски споменици во Сирија и делови од Блискиот Исток, група сириски бегалци забрзано работат на тоа да ја зачуваат нивната и светската историја, рекреирајќи многу од изгубените споменици – во минијатурна форма. Групата сириски уметници се собрала пред околу една година, благодарение на локалниот лидер на бегалскиот камп во Јордан – Ахмад Харири. Користат воглавно неупотребливи материјали кои се достапни во бегалските кампови – фрлени парчиња дрво, глина и камен.

„Како уметници, нашата улога е многу важна“, вели професорот по уметност и сликарот – Махмуд Харири (нема сродство со Ахмад). „Многу од она што го знаеме за античките цивилизации и праисториските луѓе е презервирано преку нивната уметност – египетските хиероглифи или пештерски слики“.

rf112820_medium_res_social_media.jpg__1072x0_q85_upscale

Покрај глинената рекреација на античкиот град Палмира (кои делумно беше уништен од милитантите на ИСИС, до степен на необновливост), уметниците од групата имаат изградено и минијатурни реплики на историски места како Умајад Џамијата во Дамаск, тврдината Алепо и т.н. водени тркала „норијас“ од Хама – конструирани пред повеќе од 750 години. Водејќи се од фотографии, слики и илустрации, моделите на уметничката група се автентични до најмалиот можен детал, без разлика што најголемиот модел е голем само колку една мала масичка. Моментално, макетите се изложени во кампот За’атари и во главниот град на Јордан – Аман.

Прочитајте и:  Унгарија ќе ги транспортира илегалните мигранти до седиштето на ЕУ во Брисел

„Се чини дека допреа до луѓето. Нивните модели зборуваат за нивното искуство, за фактот што не можат да отидат дома и лично да ги посетат локалитетите“, вели Данмор, од агенцијата за бегалци на Обединетите Нации. „Очигледно, тие се немоќни да направат нешто околу она што се случува во Сирија и на вистинските локалитети, но постои силно чувство дека тие навистина помагаат во презервирање на локалитетите, ако не физички, барем за сеќавањето од истите“.

Во меѓувреме, археолозите ширум светот брзаат да ги документираат загрозените историски локалитети, пред да бидат уништени од воените конфликти. Главно, тоа се прави со користење на 3D-скенирачка технологија, со чија помош се создаваат детални дигитални модели. Оваа пролет, пар 3D испечатени сводови од куполата на храмот во Палмира ќе бидат изложени во Њујорк и Лондон, како гест на протест против деструкционите навики на милитантната група, која се чини нема проблем да продолжи да уништува значајни историски споменици.

rf112832_medium_res_social_media.jpg__1072x0_q85_upscale rf112833_medium_res_social_media.jpg__1072x0_q85_upscale rf112843_medium_res_social_media.jpg__1072x0_q85_upscale rf112844_medium_res_social_media.jpg__1072x0_q85_upscale rf112845_medium_res_social_media.jpg__1072x0_q85_upscale rf112846_medium_res_social_media.jpg__1072x0_q85_upscale rf112847_medium_res_social_media.jpg__1072x0_q85_upscale

- Реклама -