Интересна понуда се појави на сајтот за електронска трговија eBay, каде поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, го продава својот Mercedes-Benz Unimog.
Тој е специјално опремен за ѕвездата од “Терминатор”, што во голема мера се рефлектира и во неговата цена од 351 000 долари. Возилото располага со 6.4-литарски турбо дизел мотор со моќност од 320 КС, кој се распределува меѓу четирите тркала со автоматски менувач.
Моќноста дефинитивно е потребна за погонот на 45-инчните гуми од моделот Michelin XZL. Возилото е опремено со некои дополнителни офроуд делови.
За да не заборави новиот купувач од кого го купил возилото, камионот е лично потпишан од Шварценегер.
Секако, терминаторот не поминал многу километри со овој “теренец”, односно со него се поминати само 2984 км.