На кокаин, мозокот се јаде самиот себе си

nova-studija-kaze-da-mozak-jede-sam-sebe-kad-ste-na-kokainu-body-image-1453283994

Резултатите од неодамна објавената студија покажуваат дека кокаинот, популарниот „кокс“, може „ да го приниди мозокот да се јаде себе си“. Ова звучи баш тапа. Многу лоши работи се зборуваат за белото, колку шуми се изгорени и запалени за да се добие еден грам, а убиства, експлоатација на работници… Но, проблемот што го презентира новата студија ги истакнува најлошите работи за кои сме слушнале досега. И покрај фактот дека мозокот нема уста, тој се јаде самиот, збрлавен од глад, се консумира. Невроните се судираат, електрицитетот се шири преку нервите се` до устата и лицето и почнувате да зборувате, погласно и подолго од кога било до сега.

Да ги погледнеме главните факти на оваа студија, кои се продаваат под наслов „Мозокот на кокаин раѓа монструозна уста со заби“ кои потоа во еден залак лапа половина од самиот себеси и го консумира до крајот на животот“.

Големи дози кокаин можат да ја предизвикаат оваа состојба, велат истражувачите.
Една студија спроведена на глувци покажала дека оваа дрога може да предизвика неконтролирана „автофагија“, процес со кој клетките се варат себе си.

Значи, мозокот, не раѓа, буквално, огромна уста. Разочарувачки… да бидеме искрени, се работи едноставно за наједноставен клеточен процес.

Друго истражување вели: „Клетката е како едно домаќинство кое постојано се трупа со ѓубре. Афтогафијата е мрдната чистачка која неконтролирано го изнесува ѓубрето, па за побрзо да ја заврши работата исфрла и вредни работи, во случајов, митохондриите кои произведуваат енергија“.

Во принцип, истражувањето открило дека ако на глувчето му дадете многу кокаин, тоа предизвикува неконтролиран процес во мозокот што доведува до смрт. Но, експерименталната дрога ЦГП3466Б тестирана на луѓето може да го заштити мозокот на глувците од тоа тој самиот да се јаде. Значи, кокаинот е проблем, да, но научниците откриле потенцијално решение кое дополнително треба да се тестира.

Тоа е како: Секој знае дека пушењето е штетно за белите дробоцви и крвните садови, но сепак сакаат да уживаат во прекрасно освежителната цигара на секои 15-20 минути. Алкохолот го уништува стомакот и црниот дроб, а ние продолжуваме да го пиеме како вода. И кокаинот е екстремно лош за мозочните клетки, а тоа е и неморално, но вие се’ уште…

Епа, до вас е другарчиња. Немој да речете дека не сме ви кажале дека истражувањето на тема – мозокот на кокаин се јаде себе си не постои. Затоа што постои.

- Реклама -