Можете ли да замислите ако цвеќињата беа како нас? Луѓето…
Сигурно ќе одеа едно кај друго за да се критикуваат и ќе си ги покажуваа лисјата цело време:
– Ти не си правилен цвет!
– Не се расте така! Има и подобри начини!
– Како може да си толку диво?!
– Не ти е ли срам цел живот да си еден обичен вртипоп?!
– Мојата величественост е многу поголема од твојата!
И така натаму …
Фала му на Бога, цвеќињата не се како нас.
Растат едно до друго и се радуваат на топлината на сонцето без нужно да си фрлаат сенка.
Пуштаат корења во земјата без да се спорат за оградата и да вадат документ дека земјата е нивна сопственост.
Кога врне – дождот е за сите. Нема повластен дожд и нема повластени цвеќиња.
Затоа, често знаеме да кажаме:
„Остави го ! И тој не е цвеќе за мирисање“… Никој не е.
Автор: П. Петров