Точката на оросување е температурата до која треба да се олади воздухот кој содржи одредено количество водена пара, за да почне таа пара да се втечнува. Температурата на стаклото е приближно еднаква на надворешната температура. Ако е пониска од точката на оросување на воздухот во кабината, стаклата ќе се „испотат“.
Да претпоставиме дека таа е малку повисока. Пијаниот возач издишува алкохолна пара, која е полесна од воздухот. Во таков случај, водената пара се наоѓа во полесно опкружување, а кога е во такво, нејзиното количество се зголемува. Како и да е, при дадена температура на стаклата, може да има само одредено количество на водена пара. Целиот вишок се втечнува и се собира на стаклата.
Меѓу автомобилите со чисти стакла, автомобилот со „запотени“ стакла речиси без исклучок го привлекува вниманието на сообраќајната полиција, која нема да пропушти можност да ја провери количината на алкохол во крвта на возачот.
Испотените стакла ќе ве издадат и ако со вашата понежна половина сте имале секс (во автомобилот, нормално). Зачестеното дишење ја зголемува концентрацијата на влага во кабината, а кога таа ќе стане повисока од онаа што одговара на дадената температура и точката на оросување, стаклата се потат. И ете ти полицаец за да ти пише казна за секс на „јавно место“.
Не викаме да не пиете, ама кога не пиете – не возете. А кога го правите ова другово, вклучете ја климата.