„Рајот на графитите“, „Светот на деталите“, „Универзумот на боите“ – со какви ли сé не имиња уште може да се нарече уникатната улична уметничка галерија во Вајнвуд, Мајами. „Галеријата“ е всушност цел еден кварт, кварт кој е благо речено – импресивен. Секоја улица, секоја зграда, секој магацин, секој бар, продавница или самиот асфалт се претворени во колоритна поема од бои на некои од најдобрите графити-уметници во светот. Со сите свои нијанси и приказни по ѕидовите, Wynwood има моќ да направи да ги шеташ неговите улици изгледајќи како удрен со мокра чорапа и е меѓу задолжителните места кои треба да се посетат во Мајами. Еве ви потврда – сликовита: