Градоначалникот на баварската област Ландхут за телевизијата N24 соопшти дека сограѓаните му кажале дека е “време да се постават граници”.
Од областа денеска испратија автобус со сириски бегалци во кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, во знак на протест против нејзината политика со мигрантите.
Градоначалникот вели дека руралната област се наоѓа под терор на масовниот прилив на мигранти во Германија.
Автобусот со 51 бегалци на старост помеѓу 21 и 45 години, го напуштил Ландсхут утрово околу девет часот.