Оригами што оживуваат (видео)

Стјуарт Лангфилд е одговорен за овој неверојатен музички спот за песната Watercolour Sky, Џулиен Миер од неговото претстојно EP-издание “When You Wake Up”, на кое се потпишува продукциската куќа King Deluxe. Изданието официјално ќе се појави на 6-ти август.
Станува збор за хипнотизирачко филмско патување низ селски пејзажи, каде што човекот се буди во свет полн со необични животни, кои се, всушност, оригами-фигури што оживуваат.
Стјуарт живее во Ванкувер. Инаку видеото е снимено во Сквамиш, локација која се наоѓа на еден час од Ванкувер. Тоа е рај за планинарење, скијање, кампување и слично, и е многу блиску до некои од локациите на кои се снимаше филмот „Инсомниа“ во 2002 година, се зборовите на Ланфилд, со кои ја опишува магијата на местото Сквамиш.
Проверете ги делата на Стјурт на неговиот веб-сајт, се работи за мошне возбудлив артист.
{vimeo}45646896{/vimeo}
- Реклама -