Владите и нивните смешни закони

Некои земји имаат толку бизарни забрани и закони што ќе помислите дека сме утнале нешто во превод.

Еве ви ги најзабавните на купче.

Повеќето имиња за бебиња во Данска

Данските поданици имаат право да ги крштеваат своите деца само со имиња вклучени во официјалната листа, а за секој исклучок мораат да поднесуваат барања и да чекаат одобрување од државните власти. Во моментов оваа листа е составена од само 24 000 имиња.

0546220001452506919_0

Саудиска Арабија: Денот на вљубените

Кралството го смета денот на Св. Валентин за навреда на муслиманските традиции. За да се спречат проблемите со заљубените, пред Св. Валентин цвеќарниците и продавниците за подароци се должни да го отстранат од магацините сето она што е црвено и романтично.

0774829001452506920_0

Кина му се скара на Јасминот

По јасмин-револуцијата во Тунис 2010/2011 година, инспирираните протестанти во Кина исто решаваат да кренат востание. Истото беше експресно задушено од властите, но како последица Јасминот станува забранет во целата земја. Таква судбина ги снајде и песните во кои се пее за него, па дури и кратките пораки кои што го содржат зборот Јасмин.

0397287001452506922_0

Иран: “Западни” фризури

Како и повеќето блискоисточни земји, Иран не го одобрува дивото шишење и изборот за фризури што го нуди западот. За да се заштат граѓаните од новите трендови, Владата наметнува забрана за секоја фризура која отсуствува од посебната листа на одобрени стилови за шишање од владата.

0315781001452506921_0

Данска: Ovaltine и Marmite

Оваа нестандардна храна е забранета на територијата на Данска. Кој пробал знае дека или многу ќе се заљуби во нив или ќе ги замрази засекогаш.

0897389001452506921_0

Кина: конзоли за играње

Најинтересно е што повеќето од овие игри се произведени токму во Кина, а таму се забранети со закон. Владата ги забранила со цел да ги насочи младите на правилно користење на своето време, и нормално оваа забрана помина без никаков ефект.

vladi

Грција: Одредени видео игри

Кина не е единствената земја која издала закон против видео игрите – и Грција отиде во длабокото но од сосема друга причина.  Во 2002 година владата на Грција одлучила да стави крај на проблемот со коцкањето. Логичен потег би бил да ги забранат покер апаратите, слот машините, но не и единствениот електронски уред со кој луѓето се забавуваат. Па така се довело до забрана на какви било видеоигри, на кое било место и во кое било време.

Секако забраната не поминала добро кај жителите на Грција, бидејќи таа била толку глупава што дури и некој да играл тетрис ќе морал да плати голема казна. Веднаш откако законот бил прифатен, Европскиот суд за правда испратил писмо до Грција, објаснувајќи им дека законот е идиотски. За среќа на гејмерите, Грција попуштила.

0966142001452506922_0

Кина: Аватар во 2D формат

Според кинеските власти, идејата за општество во кое некакво племе претставува империјалистичка закана, е неприфатлива. Затоа набрзо по премиерата на филмот во Кина, се наметнува забрана тој да биде прикажан во било кој друг формат освен во 3D. Бидејќи во земјата во тоа време има премалку 3D кино сали, оваа забрана доста ефикасно ja лишува лентата од голема гледаност.

0417192001452506923_0

Австралија: забрана за филмови со жени кои имаат мали гради

Не е лесно да се биде жена со мали гради во Австралија. Замислете, во Австралија било забрането да се гледаат филмови за возрасни каде жените имаат мали гради, бидејќи тоа асоцирало на малолетни девојчиња.

article-0-19A6948200000578-10_634x945

Забрана на реинкарнација без дозвола од Влада

За тибетските будисти, реинкарнацијата е голема работа, со оглед на тоа дека целиот живот го поминуваат правејќи добри работи, за кармата да ги награди во наредниот живот. Па така, во септември во 2007 година Кина ја забранила реинкарнацијата без претходно одобрение од владата.

Зошто кинеската влада донела ваков глупав закон кој контролира реинкарнација? Одговорот лежи во овој човек: Далај Лама.

Далај Лама изјавил дека одбива повторно да се роди сѐ додека Тибет е под кинеската контрола. Тоа е така бидејќи тој не ја контролира реинкарнацијата, туку владата на Кина.

- Реклама -