Собравме неколку култни цитати од „мајката“ на криминалните приказни, елоквентниот раскажувач на испреплетени дејствија – Агата Кристи.
1. Никогаш не го правете сами она што другите можат да го направат за вас.
2. Кога станува збор за големи пари, подобро не се потпирајте на никого.
3. Да оставаш впечаток дека знаеш нешто е потешко отколку навистина да го разбереш.
4. Несреќата на малите мажи е тоа што обично им се допаѓаат високи и извонредни жени.
5. Најдобриот детектив е случајот.
6. Животот за време на патување – тоа е сон во чиста форма.
7. Малку злоба му придава на животот зачинета острина.
8. Ништо не тежи така како посветеноста.
9. Секој убиец најверојатно е нечиј стар пријател.
10. Животот не е толку долг за да си дозволиш да бидеш срамежлив.
11. Политичарот сака да остане на функцијата секогаш воден од највисоките побуди.
12. Нема поголема грешка од тоа да сретнеш ремек дела во погрешно време. За многу луѓе Шекспир е изгубен засекогаш поради тоа што го изучувале во училиште.
13. Никогаш не се враќајте таму каде што сте биле среќни. Местото останува живо во меморијата.
14. Беспрекорен углед е првата неопходност за измамникот.
15. Жените несвесно забележуваат илјадници мали детали, несвесно ги поврзуваат и тоа го нарекуваат интуиција.
16. Паметниот човек ги држи своите размислувања кај себе.
17. Едноставниот факт што алармот не заѕвонил, променил многу човечки судбини.
18. Не треба да му судите на еден човек без да го слушнете.
19. Секоја заемна љубов меѓу маж и жена започнува со потресната илузија дека размислуваат на ист начин за светот.
20. Паметните не се навредуваат, туку носат заклучоци.
21. Ако се обидуваш да го оживееш минатото, тоа на крајот се појавува, но во изопачена форма.
22. Чудно, жените од љубов се разубавуваат, а мажите изгледаат како болни овци.
23. Несоборливата логика е карактеристична за манијаците.
24. Старите гревови имаат долги сенки.
25. Жените ретко грешат во своите проценки една за друга.
26. Го сакам животот. Бев и безнадежно несреќна, но за целото време не престанав да верувам дека да си жив е нешто големо.
27. Никогаш не мислете дека вие знаете подобро што е најдобро за луѓето околу вас.
28. Убавината е единственото нешто поради кое што вреди да се живее.
29. Ако ја ставиш главата во устата на лавот, не треба да се жалиш ако еден ден реши да ти ја откине.
30. Времето е најдобар убиец.
31. Малкумина од нас се она што изгледаат.
32. Секоја жена може да измами еден маж, ако посака и ако тој е заљубен во неа.
33. Една од најдобрите работи кои можат да ви се случат во животот, е да имате среќно детство.
34. Среќните луѓе многу често не успеваат, бидејќи тие се во таква хармонија со самите себе што едноставно ништо не ги интересира.
35. Животот, сам по себе, е една неразплетена мистерија.