На почетокот на минатиот век Австриецот Адам Рајнер успева да ги остави без збор лекарите во татковината.
Тој е запишан во Гинисовата книга на рекорди како единствениот човек во историјата, кој бил и џуџе и гигант низ животот.
Рајнер е роден во Австрија во 1899 година. Момчето било нормално и здраво дете по сите мерила. Кога наполнило 18 години тоа било високо едвај 118 сантиметри, па лекарите му рекле дека е премногу ниско и слабо, за да се приклучи на армијата.
Сé се менува за Рајнер откако ќе наполни 21 година. Во наредните 10 години тој се претвора од џуџе во гигант, а тоа доведува до сериозно нарушување на неговиот ‘рбетен столб.
Растот на мажот ја восхитува медицинската заедница. Лекарите кои го прегледувале Рајнер се обидуваат да го откријат изворот на изненадувачкиот раст. Истражувањата покажуваат дека тумор на хипофизата довел до хиперпродукција на хормоните за растење.
Во обид да го излечат од неконтролираниот раст, лекарите кои работат со Рајнер, работат на хипофизата за отстранување на туморот. Операцијата била само делумно успешна. Тој продолжува да расте, но веќе со многу побавно темпо.
Адам продолжува да расте во остатокот од животот, но го мачат бројни здравствени проблеми. На крајот, изместувањето на ‘рбетниот столб го врзува за креветот. Рајнер ослепува со десното око и го губи слухот во левото уво.
Умира на 51-годишна возраст со висина од 234 см. Рајнер е единствениот човек во историјата на човештвото, кој бил и џуџе и џин.