Магла против крадци

Кога размислуваме за заштита на својот дом, обично размислуваме за поставување на аларм, кој ќе свири толку многу силно што на крадците ќе им стане непријатно и веднаш ќе се разбегаат.

Неодамна наидовме на интересна алтернатива за заштита на домот, која се нарекува алатка за магла. Уредот го исполнува вашиот дом со магла само неколку секунди откако некој ќе се обиде да изврши кражба. Маглата е толку непрегледна што секој обид за кражба е ризичен. Замислете обична машина за чад, само монтирана на ѕидот или пак на таванот. Чадот сепак има својство да се згусне исклучително брзо. Само за 5 секунди една соба се исполнува со магла, која можете да ја сечете со нож.

2(8)

Категорично крадците ќе “фатат магла”.

Урeдот за магла наликува на климатизација. Може да биде поврзан со обичен аларм и во моментот кога ќе биде забележан неовластен влез, маглата се активира. Таа е целосно безопасна за луѓето и животните, ткаенината и електрониката. Можете да ја отстраните од својот дом, ако ги отворите широко прозорците и вклучите вентилатори, за што ќе ви бидат потребни околу 20 минути.

- Реклама -