Мајката на терористот што се разнесе: Ми го искористија синот, но горда сум на него

Таа вели дека исламските екстремисти го искористиле нејзиниот 20 годишен син бидејќи пораснал разочаран од дискриминацијата во Белгија.
Фартима Хадфи, мајка на најмладиот од терористите кои изведоа напади во Париз, оној кој се разнесе пред францускиот национален стадион, изјави дека е горда бидејќи нејзиниот син освен себе не убил никој друг.

Bombas-620x350

Хадфи изјави за белгиската телевија викендов дека не им паднало на памет дека нејзиниот син Билал придобил радикален ислам, додека не и се јавил од Сирија, наместо од Мароко, каде рекол дека ќе оди на одмор.

Таа наведува дека исламските екстремисти го искористиле нејзиниот 20 годишен син, затоа што пораснал разочаран од дискриминацијата во Белгија.

Хадфи го посетила местото во близина на стадионот каде се разнел нејзиниот син за време на терористичкиот напад во ноември во Париз.

 

- Реклама -