Бербатов во преговори со Галатасарај

Димитар Бербатов во текот на следната недела би можел и официјално да стане нов член на Галатасарај откако бугарскиот голгетер бил забележан како пристигнува на аеродромот во Истанбул.

Турскиот фудбалски гигант веќе извесно време преговара со Манчестер јунајтед за трансферот на проверениот голгетер, а последните информации говорат дека „Црвените Ѓаволи“ ја прифатиле понудата на Галатасарај вредна пет милиони фунти.

Веднаш потоа било дадено зелено светло за Бербатов да почне да ги договара личните услови со раководството на Галатасарај, што е причина за бугарскиот ас експресно да отпатува за Истанбул. Искусниот напаѓач заедно со својот агент денес ќе има средба со тренерот Фатих Терим и со претседателот Јонал Ајсал.

Турските медиуми очекуваат сите детали од трансферот набрзо да бидат договорени. Неофицијалните информации говорат дека на Бербатов ќе му биде понуден тригодишен договор за плата од четири милиони евра по сезона, сума што ќе биде сосема доволна за да го убеди бугарскиот голгетер својата кариера да ја продолжи токму во овој клуб.

- Реклама -