Ајнштајн бил гениј во третирањето на своите жени како стоки

ajnstajn-je-bio-genije-da-tretira-svoje-supruge-kao-stoku-body-image-1450713536-size_1000

Според  Волтер Ајзаксон, чија биографија на Алберт Ајнштајн, „Ајнштајн: Неговиот живот и универзум“, објавена во 2007 година, животот на легендарниот Нобеловец вреди да се проучува затоа што ни „помага да останеме во допир со тоа како децата реагираат на чудата“. Човечот кој во младоста се нарекува себеси „благороден Шваба“, навистина потполно го променил начинот на кој луѓето го разбираат универзумот. Тој покажал таква страст за физиката што неговото лице и лудата фризура станале симбол за напорна работа во моментите кога сакате да го остварите вашиот вистински потенцијал. Популарен е муабетот дека Ајнштајн паднал по математика во средно училиште. Не е точно. Овој научник кој е роден во Германија можеби и не е најдобар пример за младите студенти на природните науки, освен ако не сакате тие, како возрасни, да станат агресивни женомразци и женкари.

Најпознатото достигнување на Ајнштајн во областа на физиката е теоријата на релативитетот, за која , и покрај нејзината елегантна едноставност  (енергијата е еднаква на масата по брзината на светлината на квадрат) му беа потребни осум години за да ја измисли. Неговото најславно достигнување во областа на грдото однесување кон своите сопруги, прв пат е откриено во серијата писма на Ајнштајн  продадени на аукцијата 1996 година. Тоа е уредна листа на „услови“ наведени по точки наменети на неговата прва сопруга Милева Мариќ, која ја запознал додека се здобивал со титулата професор. Таа беше единствената жена во нивниот оддел во училиштето за политехника во Цирих. Иако намерата на Ајнштајн беше да се спаси нивниот неуспешен брак за доброто на децата, овој список, објавен во книгата „Ајнштајн: Неговиот живот и универзум“, повеќе звучи како закана. Покрај другите услови, тој предвидува дека Мариќ ќе се грижи децата на Ајнштајн секогаш да бидат чисти, редовно да му се испорачуваат три оброци на ден во неговата соба, која, се подразбира , мора да биде чиста, и да се обврзе дека нема да го понижува пред своите деца, со збор или со дело. „Што се однесува до тоа, што Мариќ може да очекува за возврат, во документот постои дел кој е посветен на тоа како таа мора да се откаже од сите лични односи со Ајнштајн доколку тие според некои социјални причини не се апсолутно неопходни“. Во тоа спаѓаше и дека Мариќ не може да очекува дека ќе си седат заедно по дома или ќе одат на заеднички патувања, а камо ли па некакви интимни работи.

Таа исто така мораше да престане прва да му се обраќа на Ајнштајн, па и да го напушти друштвото доколку тој има потреба од тоа.

ajnstajn-je-bio-genije-da-tretira-svoje-supruge-kao-stoku-body-image-1450713553

Прочуениот научник бил едноставно лош, и тоа на агресивен начин кој членовите на семејството и пријателите никогаш не биле во можност дури ни да го предвидат. Понекогаш бил грижлив, но само на почетокот на неговите врски или кога вложувал особени напори. Тоа е одлика која неговите обожаватели, како британскиот филозоф Бертанд Расел, кој во дваесетите напиша книга за вовед во теоријата на релативитетот,  ја опишуваат како квалитет, како доказ за сконцентрираната осаменост, нешто што најверојатно придонело за генијалноста на Ајнштајн. „Личните проблеми можеа  да зафатат не  повеќе од мало ќошенце во неговиот живот“, се наведува дека изјавил Расел во книгата за приватниот живот на Алберт Ајнштајн. Од друга страна пак, факт е дека кога Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика во 1921 година, тој освоените пари и ги отстапил на Мариќ, со која бил разведен, со цел да се грижи за нивните двајца синови.

Тоа навистина би можело да се смета за „благороден“ чин, но кога неговиот помлад син Едвард, за кој се смета дека наследил дел од генијалноста на Ајнштајн, посебно во правецот на уметноста, бил пратен на лекување во една психијатриска клиника во Швајцарија, Ајнштајн, ужаснат од шизофренијата на Едвард, никогаш не дозволил такво лекување. На крајот Едвард умрел „под несреќни околности“.

„Како и да е, настрана ова, секоја чест за трудот“.

Тој исто така бил неизлечив женкар. Неговиот долгоочекуван развод со Мариќ се случил во 1913 година. Таа на крај доживеала нервен слом, делумно  предизвикан поради љубовната афера на Ајнштајн со неговата братучедка Елза Ајнштајн Ловентал. Врската завршила со венчавка. Во писмата испратени до Лавентал тој копнее по нејзиното присуство, а од друга страна зборува за Мариќ како за жена со „несекојдневна грдотија“ и за слугинка на која не може да и` го врачи отказот“. На крајот некогаш љубената Елза почна да ја третира како уште еден несакан товар и како обична секретарка.

Најпосле, тврдењето на Ајзаксон на некој начин излезе точно. Корисно е да се проучува биографијата на Ајнштајн, бидејќи тоа ни помага да разбереме како животната способност за детски чуда на која и` се восхитуваме, може да биде обележана со неговите ужасни карактерни црти. Во своите писма и текстови, Ајнштајн често се откажувал од своето его и  емоции, со што е сокриван фактот дека тој морал да прибегне кон тешка репресија. „Се чини“, напиша Ц.П. Сноу, „дека човекот мора да поседува нагласено его за да има потреба истото така темелно да го потиснува“. Изгледа дека дури пред крајот на својот живот престанал да работи на тоа. Во едно писмо до својот пријател од детството, светски признатиот научник изјавил за себе дека „триумфално го надживеал нацизмот и двете свои жени“.

 

Вајс

- Реклама -