Radiohead направија совршена песна за Бонд

Oд премиерата на “Спектар” и оригиналниот саундтрак со гласот на Сем Смит минатиот месец, никој не очекуваше дека ќе бидеме изненадени со уште една нумера напишана за најновиот Бонд.

radiohead

Изненадувањето сепак доаѓа со неочекуван кандидат за најдобра песна за филмската детективска легенда – Radiohead.

Фронтменот на британската група Том Јорк ја објави нивната верзија на “Спектар” на платформата SoundCloud, каде може да се слуша и превзема бесплатно.

“Минатата година не замолија да напишеме тематската музика за новиот филм за Бонд. Да, озбилно. На крајот, беше избрана друга песна, но оваа остана за нас, а ние ја сакаме страшно многу”, пишува во описот за песната.

“На крајот на годината, мислевме дека можеби би ви се допаднала ако ја слушнете. Среќен Божиќ и силата нека биде со вас”, завршува пораката на Radiohead.

Само за еден ден нивниот “Спектар” е преслушан повеќе од 2,3 милиони пати на SoundCloud.

Се уште нема индикации за причините поради кои Сем Смит бил префериран пред предлогот на Radiohead, но песната на бендот е тотално добар избор.

Се работи за класична пијано балада во стилот на “Pyramid Song” и “Videotape” со непогрешливиот глас на Том Јорк.

- Реклама -