Како “Кардашијан” ги краде личните податоци

Апликацијата Kimoji на Ким Кардашијан за кратко време станала хит на App Store. Сепак, апликацијата меморира сѐ што ќе напишете, вклучувајќи ги броевите на кредитните картички и други доверливи информации, пишува Телефони.мк.

aplikacija-kim-kardasijan530x290_261215_121312

Kimoji е апликација со емотикони, кои ја претставуваат Ким Кардашијан и нејзините поединечни делови на телото со кои стана популарна. И покрај проблемите со приватноста на корисниците за апликацијата мора да се платат 1,99 долари. Чудно е што Kimoji се наоѓа на топ листата на апликации во App Store.

„Apple, жал ми е што ви го расипав App Store“, искоментира Ким поради излегувањето на апликацијата на топ листата.

- Реклама -