Човековиот однос со лебот е комплициран. Дека е вкусен, нема збор, но ако го напаѓате во доцните вечерни часови, во форма на кришки, печиво или кроасан, па си се освежувате со ролат, во опасност сте повторно да се здебелите. Отсекогаш лебот сум го сметала за фаворит во менито, колку и да е комплициран нашиот однос, но неодамна налетав на еден човек кој лебот го сака многу повеќе од мене.
Запознајте ја Bread Face: девојката која има неколку видеа на Инстаграм во кои го забива своето лице во разни видови храна полна со јаглехидрати. Морав да разберам зошто го прави тоа.
Отидов до пекарата, си купив печиво, се сликав неколку пати за да и` покажам како јас го правам тоа, иако немав појма, сакав само да стапам во комуникација, со цел да откријам зошто таа е толку навлечена на забивање на лицето во леб. Веднаш ми испрати неколку аплаудирачки емотикони, ме праша што марка ми е печивото и се согласи да разговара со мене во врска со нејзината чудна опсесија.
MUNCHIES: Колку долго го работиш ова и како почна?
Bread Face: Сé започна минатото лето. Купив една ролна од зелен чај во корејската пекара и почнав нежно да си го пудросувам лицето. Чувството беше феноменално.
Дали тоа го сметаш за уметнички перформанс , еден вид на фетиш, или е во прашање нешто сосема друго?
Навистина не размислував многу кога почнував. Сакав само да го нурнам лицето во леб, и тоа го правев. Мислев дека луѓето навистина ќе уживаат додека ме гледаат.
Кој е лебот кој те прави најсреќна откако ќе го нурнеш лицето во него ?
Најмногу ги сакам кајзериците и Wonder лебот… но доколку го погледнете Breadfaceblogs, тоа е прилично очигледно.
Што мислиш за здравствениот тренд, храна без глутен?
Се плашам да одговорам на тоа од причина што не сум експерт за храна. Моето нестручно мислење е дека повременото внесување органска храна е добро… но тешко е да се исхрануваш на тој начин кога си шворц и кога си мрзлив, каква што сум јас најчесто.
Како ја избираш музиката што оди со лебот?
Тоа може да се песните што ги слушам во моментот или оние што никогаш нема да ми здодеат. Немам намера да ги спарам песните и лебот, но може да се каже дека музиката влијае на тоа како јас ќе се „соочам“ со лебот.
Дали некогаш си размислувала лицето да го нурнеш во уште некое јадење?
Никогаш не сум имала таква желба. Некоја чоколадна торта од повеќе слоеви би можела да биде забавна. Би сакала да почувствувам како таа попушта под моето лице додека потполно не упадне во неа.
Што правиш со лебот по брцнување на лицето?
Фрлање храна? Нема шансии!
Има ли уште нешто што би сакала луѓето да знаат за тебе, за твојот инстаграм, или за лебот воопшто?
Сакам само да им се заблагодарам на сите за нивните позитивни реакции. Тука сум и ги читам сите ваши мејлови, коментари и пораки, па напишете што сакате. Наскоро може да се појави и сајт, тоа е за оние кои знаат за Ebaumsworld… но сајтот нема да биде таков. Ќе биде hi-tech и интерактивен.
Извор: Вајс