Што треба да се случи, за да одекне во целиот свет едно вечерно радио шоу од Чиле?
Признанијата на масовниот убиец, кој, како во приказната на Маркез, после сто години самотија, се исповеда во живо во етер поради својата сакана.
Пред радио Corazón минатата седмица поранешен службеник на Пиноче раскажа нашироко како прикривал масовни убиства извршени од режимот на Аугусто.
Марионетската воена диктатура се утврдува по државниот удар во 1973 година против социјалистот Салвадор Аљенде и продолжува до почетокот на 90-тите години. Подоцна против Пиноче се покренати околу 200 обвиненија за масовни убиства, репресии, кршење на човековите права – сите се поништени поради неговата возраст и “старечката малоумност”.
Ерата на Пиноче уште се памети во Чиле и во судовите продолжуваат тужби против неговите функционери. Интервјуто на директен потчинет кој се претставил како “Алберто” на слушателите на Chacotero Sentimental – една од најпопуларните програми во Чиле, немаше како да не ги разбуди духовите.
Пошокантно беше тоа што мажот зборуваше со апсолутно мирен тон, како да седи со пријателите во некој бар.
На пример: “Ги миниравме телата, едноставно ништо не остануваше од нив, дури ни сенките”. Леснотија дури и малку пијаниот монолог поттикна кај слушателите огромно разочарување и им врати брутални спомени.
“Но Вие сте убивале луѓе”, го прекина водителот, а гостинот кратко одговори: “Бев присилен, инаку армијата требаше да ме убие”.
Алберто и неговите колеги биле задолжени телата на противниците на режимот едноставно да исчезнат.
“Таму видов исклучително многу насилство. Не избрав да одам во пустината. Тогаш сфатив колку злобен може да биде еден човек, но тоа не беше мојата војна. Или ќе убиеш како војник, или ќе умреш како политички затвореник “, се сеќаваше Алберто.
Се проценува дека најмалку 38 000 луѓе биле мачени, а 3200 починале за 17 години
Гостинот кој сам се јави за време на емисијата, призна за најмалку 18 убиства, додека водителот на шоуто се однесуваше со криминалецот како селски свештеник кој решил да го “исповеда” своето чедо.
Веројатно Алберто смета дека по толку многу години злосторствата немаат ограничување или се заборавени.
Историчарите коментираат дека интервјуто на Алберто открива непознати досега “методи” на репресивниот апарат на диктаторот, особено употребата на динамит за “бришење на траги”. Познато е дека воените команданти на Пиноче сакале да ги исфрлаат убиените нивни противници во океанот со помош на хеликоптери или да ги закопаат.
Обично жртвите биле членови на социјалистичката партија или луѓе од опкружувањето на Салвадор Аљенде.
Од тоа време останале и неколку масовни гробници, но обично семејствата на жртвите не можат да го дознаат она што се случило со нивните најблиски, вклучувајќи ја информацијата дали сепак преживеале. Причината до најголема мера се должи на уништените архиви.
Режимот на Пиноче бил доста безмилосен не само кон Чилеанците, туку и кон странските државјани кои си допуштале критики, на пример американскиот новинар Чарлс Орма бил убиен на стадион заедно со другите гледачи и сонародниците политиколози Орландо Летејлер и Рони Мофит, поточно, разнесени од страна на чилеански агенти.
“Првиот пат кога убив некого, плачев. Вториот пат ми се допадна “, раскажа Алберто, професионалниот убиец, како тоа и дека бил успешно индоктриниран од режимот.
Уривањето на власта на Пиноче се испоставува како лесна задача. Направени се компромиси и тој останува на чело на чилеанското Министерството за одбрана до 1998-ма година.
Потоа добива имунитет – со специјално решение на Сенатот се создава институцијата “поранешен претседател”, што всушност го штити од суд.
Шпанија се обидува да го фати диктаторот, за да го седне на судската клупа во Европа, но Пиноче се вади со аргументот за лошо здравје.
Кон крајот на својот живот, откако имунитетот најпосле е соборен, Пиноче сепак е под истрага по обвиненијата за корупција и злосторства против човековите права, но не дојде до суд. Тој почина во 2006-та година на 91-годишна возраст, без какви и да е знаци за каење.
Денес неговото име продолжува да се споменува со почит од десничарски политичари, кои тврдат дека ја спасил земјата од марксистичка диктатура. Социолозите сепак регистрираат трајно и непречено намалување на геноцид.
Неговите насилници сепак еден по еден ја прекршуваат заклетвата за молчење, и ги издаваат злосторствата на режимот.
Алберто, сега 62-годишен, бил мобилизиран од армијата уште како дете. Со помош на таквите како него бил извршен државниот удар кој засекогаш ја смени историјата на Чиле.
Љубовта е сè
Убиецот побара збор за да ја раскаже својата љубовна приказна. Алберто се вљубува во жена, чиј што сопруг исчезнува во годините на диктатурата. Излегува дека сопругот бил убиен, и тоа тој лично го извршил убиството. Алберто не знаел како да и го соопшти тоа на својата сакана – и еве го, во живо во етер и години подоцна, и го соопшти пред целиот свет.
Наскоро по интервјуто чилеанската полиција изврши потрага по Алберто во градот Валпараисо. Некогашниот “војник” на смртта сега е возач на автобус. Вистинското име му е Родриго Гилермо Рејес Рамси и во моментов е сместен во притвор. Сигурно ќе раскаже уште доста работи – не во преносот Chacotero Sentimental, туку во судницата.