Околу 35,8 милиони луѓе во светот, или 0,5% од населението на планетата, живеат во услови на ропство, се наведува во извештајот “Индекс за ропството во 2014 година” на Фондацијата Walk Free, во кој се вклучени 167 земји.
68% од жртвите се предмет на трудова експлоатација.
Според документот 61% од луѓето кои живеат во услови на принуда, се наоѓаат во 5 земји: Индија, Кина, Пакистан, Узбекистан и Русија. Во Индија, каде присуствуваат сите форми на ропство, живеат околу 40% од поробените луѓе.
Меѓу потчинетите луѓе има мажи, жени и деца, со тоа што само бројот на децата е околу 5 милиони.
Во документот се истакнува дека модерното ропство носи нелегални приходи во износ од 150 милијарди американски долари секоја година.