FitnessCorner: Најдобрите и најлошите видови храна за вашата кожа!

Не е воопшто дискутабилно дека како се храните може да има големо влијание на тоа како изгледате, независно што е вашата цел. Но, зашто додека сте во маркет, не одберете видови на храна кои двојно ќе ви помагаат, и за вашиот физички изглед и за подобрување на вашата кожа ?

Од експонираност на сонце, до загадувањето на околината, потењето, вашата кожа секојдневно е изложена на негативни влијанија. Затоа, би требало да ги искористите овие совети за тоа кои видови на храна може да ви помогнат да ја заштите и регенерирате кожата. А нели, кој сака да има убаво негувана кожа ?

 

  1. ТИКВА

Ако сакате здрава кожа, гледајте овој зеленчук да биде основата во вашиот начин на исхрана во есен и зима. Британските истражувачи откриле дека зголемено конзумирање на каретоноид – состојка која ја содржат овошја и зеленчуци како што е тиквата може да имаат позитивен бенефит на кожата. Каретоноидите се моќни антиоксиданси кои помагаат за одржување на кожен тонус со тоа што го намалуваат оштетувањето на клетките на кожата

  • Други видови на храна кои содржат каретоноиди:
    – Кељ, компир, домат, морков, лубеница

tikva

2. БРАЗИЛСКИ ОРЕВИ

Овој гигант од светот на јаткастите плодови е водич во извори на селен. Во истражување направено од научници во Австралија, повисоки вредности на селен во крвта биле поврзани со 60% намалување на ризикот од добивање на рак на кожа. Минералите делуваат како актиоксиданси за телото, кои функционираат како заштите од оштетувањето на кожата кое се добива од ултравиолетовата радијација од сонцето.

  • Други видови на храна кои содржат селен:
    – Свинското месо, мисиркиното, телешкото, пилешкото, рибата, семките од сончоглед

brazi

3. ЛЕНЕНО СЕМЕ

Истражување објавено во British Journal of Nutrition покажало дека дневната конзумација на ленено семе може да намали црвенило на кожата и да ја подобри хидратацијата на истата, истовремено намалувајќи ја крутоста и сувоста. Ленот е богат со омега 3 масти, кое може да помогне се задржи хидратацијата на кожата, особено во зимскиот период каде што поради студот, често кожата е сува и лесно распукува.

  • Други видови на храна кои содржат омега 3:
    – ореви, хемп семе и масло, чиа семе

best-and-worst-foods-for-your-skin-graphics-3

4. КИВИ

Кога станува збор за витамин Ц, портокалот не е најдобриот избор од спекатарот на овошја. Едно киви обезбедува и повеќе од препорачаната доза од овој витамин, правејќи го ова “влакнесто” овошје добар пријател на вашиот епидермис.

Истражување објавено во American Journal of Clinical Nutrition покажало дека повисоката конзумација на витамин Ц е поврзано задржување на добриот изглед на кожата како што годините поминуваат. Витаминот Ц има голема улога во синтезата на структуралниот протеин колаген, правејќи го овој витамин неопходен за конзумирање.

  • Други видови на храна кои содржат витамин Ц:
    – Грејпфрут, јагоди, брокула, праска, папаја, кељ, зелка

kivi

5. КАФЕ

Вашата секојдневна навика ја одржуваат вашата кожа здрава. Истражување направено оваа година во Yale School of Public Health утврдило дека зголемената конзумација на кафе може да делува како заштита на потенцијална форма на рак на кожа наречена меланома. Компонентите како полифеноли и дури и кофеинот во кафето може да помогнат при сурпресија на проширување на тумор предизвикан од UV зраци.

Многу кофеин ви дава вртоглавица ? Истражувањат покажуваат дека актиоксидансите кои може да се најдат и во зелениот чај може да ви служат при превенција и намалување на штетата предизвикана од UV зраците од сонцето, како и подобрување на хидратацијата и еластичноста на кожата.

kkk

6. ЛОСОС

Овој вид на риба е еден од најдобрите извори на омега 3 во рибниот свет. Омега 3 помага за намалување на воспалението во телото, а со тоа и подобро водење на битката со стареењето на телото, кое придонесува до брчкаст изглед на кожата.

Здравите омега 3 масти се исто така важен елемент во мембраната на клетките, овозможувајќи и на клетката да биде похидратирана, а тоа резултира со помека кожа и помалце брчки.

lll

НЕПРИЈАТЕЛИ НА ВАШАТА КОЖА

Кога станува збор за здравјето и изгледот на вашата кожа, овие видови на храна треба да ги лимитирате.

  1. ЧОКОЛАДО

Честото конзумирање на чоколадо може да доведе до лоша состојба на кожата. Холандски истражувачи докажале дека конзумирањето на чоколадото доведува до ослободување на состојки кои влијаат на начин на имуниот систем кое резултира пак со појавување на акни.

Ова е значително поизразено кај изворите на чоколадо кои содржат шеќер наместо какао. Затоа, ако сакате вашата кожа да биде нежна како на бебе, уживајте во чоколадото но умерено, и преферирајте чоколада кои повеќе содржат какао, а не шеќер.

coko

2. БЕЛ ЛЕБ

Неодамнешно истражување објавено во Journal of the Academy of Nutrition and Dietetics најдоа релација помеѓу појавувањето на акните и високо гликемичките видови на храна како што е белиот леб, слатките и газираните сокови. Начин на исхрана кој содржи поголема количина на овие видови на храна кои предизвикуваат често зголемување на шеќерот во крвта, кои пак стимулираат лачење на хормони кои лачат масти и резултатот на тоа се акните. Како подобар избор, заменете ги тие видови на храна со низок гликемичк индекс, како интегрален леб, овес, ориз.

llll

3. МЛЕКО

Нетолеранцијата на лактоза не е единствениот проблем со млекото и млечните производи. Додека јогуртот, млекото и другите храни имаат позитивен здравствен ефект на телото и физичкиот изглед, тоа исто може до доведе до акни кај одредени луѓе според истражувања објавени во George Washington University.

mll

- Реклама -