Во луксузниот хотел од мраз во Квебек

Ако сте авантурист по дух и зимава барате некое уникатно место за посета, хотелот Hotel de Glace во Квебек, Канада, може да се покаже како најдобриот избор.

10Тој е првиот леден хотел во Северна Америка. Прв пат е изграден во 2001-та, а оттогаш се реконструира секоја зима. Собите се достапни за сместување само неколку месеци во текот на годината, кога времето е доволно студено. На пример, годинава, хотелот ќе прима гости во периодот од 4-ти јануари, до 28-ти март.

Конструкцијата на хотелот почнува во декември и трае околу 6 седмици. Во изградбата учествуваат не помалку од 50 луѓе. Основниот градежен материјал е вештачки снег, направен специјално да биде густ и влажен (кој правел Снешко, знае дека ова е најдобриот снег за правење снежни фигури). Дополнително, потребни се 500 тони мраз и 30.000 тони снег за да се комплетира структурата, која содржи 44 соби и тематски апартмани, ресторан, џакузи, сауни и леден бар.

Претпоставувате, уникатното искуство не е евтино – цените на собите почнуваат со 199 долари од лице, па нагоре. Од друга страна, температурата на собите се одржува на -3 степени, со тоа што бањите и тоалетите се загреани.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16

- Реклама -