Три искрени исповеди: Како е да се биде разведена жена со неполни 30 години?
Разводите повеќе не се „резервирани“ само за парови во 40-те и 50-те. Сите знаеме барем една жена која се развела пред да наполни 30 години и барем 10 пара со долги врски кои имаат речиси 30 но немаат абер за брак.
Разводот е мачен кога и да се случи, но особено тешко им паѓа на младите луѓе кои уште ја идеализираат својата љубов.
Три жени храбро прозбореа за тоа како е да се биде разведенa жена пред 30 години.
Николина К: „Имам 26 години и наскоро ќе бидам разведена.
Никогаш не сум мислела дека ќе се најдам во ваква ситуација. Се омажив на 23 години откако дознав дека сум бремена. Причината за разводот беше неверство, а она што можеби најмногу ме болеше е тоа што ми се случи со личност за која мислев дека ме сака, колку и јас него. Започнав да сфаќам дека никој не може да направи да се чувствувам помалку вредна отколку што навистина вредам. Ако нешто научив од овој брак тоа е – кога некој ќе ти покаже кој е, верувај му веднаш. Овие знаци беа видливи, но јас избрав да ги игнорирам.
Твојот глас во твојата глава? Слушај го. Немој да мислиш дека тој ќе се промени, нема. Не мислам дека сум поради тоа огорчена. И понатаму и верувам на способноста да расудувам, само направив погрешен избор. Нема да ги генерализирам сите мажи поради мојот поранешен сопруг бидејќи не се сите исти. Тој беше лошото јаболко кое го гризнав. Плукни го. Пушти го. Го можеш ти тоа“.
Рената Б: „За поранешниот сопруг бев мажена четири години.
Се разведовме кога имав 27 бидејќи не беше искрен по прашање на парите. Влијанието кое разводот го имаше на мојата самодоверба беше импресивно. Мојата прва реакција беше „Успеав!“
Уште сум млада, немам деца и слободна сум. Моето расположение привлече други мажи, морам да признаам дека многу ми годеше вниманието. Мојата самодоверба ги привлече мажите, но бев сигурна дека не сакам повторно да поминувам низ истото.
Знаев дека треба да направам нешто за себе, па го продадов автомобилот што ми го подари поранешниот и самата заминав на кратко патување. Таму повторно се пронајдов себе, се засакав, кога најмалку очекував запознав личност што денес ја нарекувам маж“.
Сања В: „Се омажив на 24 години и мислев дека ќе трае засекогаш.
Три години подоцна, додека бев под туш, сопругот ми рече дека заминува. Мислев заминува на еден ден. Ми рече дека заминува засекогаш поради друга жена. Ми рече дека ми оставил пари во банка. Немав ни работа, ни семејство.
Се чувствував како да фрлил крпа. Со време, најдов работа од која можам пристојно да живеам и создадов подобар живот од порано. Лекцијата што ја научив е никогаш да не дозволуваш некој да одредува колку вредиш. Способна си за повеќе од тоа“.