Сте слушнале ли за судски цртачи?

crtaci4

Епа вака…

Како изгледа да се биде цртач во судот  и да се цртаат мафијашите и познатите личности на обвинителната клупа,  во првиот ред на галеријата во судницата, на осмиот кат на федералниот суд во Бруклин, каде што Кристин Корнел внимателно го црта и го осенчува испиеното лице на мафијашот од семејството Бонано, кој седи пред неа.

Корнел, 61 година е судски уметник. Нејзиниот модел е наводниот мафијаш Винсент Асаро кој е обвинет дека удавил некој тастер со ланец за куче , како и дека е мозокот зад кражбата на компанијата „Луфтханза“ на аеродромот Џ.Ф.К.  Бил фатен со плен од шест милиони долари во кеш, накит и злато, а овој настан Мартин Скорезе го има искористено  во заплетот  на популарниот си негов филм „Добри момци“.

crtaci1

Лицето на Асар ги добива контурите на платното на Корнел, нејзиниот молив го оформува збрчканото лице на пропаднатиот мафијаш, непоправливиот и покорен осумдесетгодишник.

Тогаш Корнел го зема двогледот и без да гледа долу, го фокусира судијата и почнува да црта. Моливот испрекинато чкрипи врз платното, нарушувајќи го интензивниот молк во судницата. Рацете на Корнел наскоро поцрнуваат.

crtaci5

 

Ја опкружува толпа од новинари. „Браво“ шепоти известувачот на „Фокс њуз“, покажувајќи на скицата. Малку порано на Корнел и` пристапила адвокатката Елизабет Маседонио за да и` се пожали дека не е задоволна од својата фаца на цртежот (Асаро, на кого му се закануваше доживотен затвор подоцна е ослободен од сите обвиненија.)

„Судниците се интересни места – големо школо на човековото однесување“, вели Корнел. „Постојано некој е во неволја и живот му е во опасност …  многу е тешко. Луѓето се воздржуваат од покажување емоции. Целата оваа немилосрдна тензија е совршена за уметникот. Присутните полицајци се грижат за да не настане гужва, но емоциите можат да надвладеат. Ова место не може да биде здодевно за создавање портрети“.

crtaci3

Корнел, која доаѓа од Вихокен, Њу Џерси, направила кариера со цртање криминалци и познати личности кои се бранат во судот. За време на нејзината четириесетгодишна кариера има покриено над пет илјади судења, од Њујорк до Северна Каролина, создавајќи скици од бомбашот од бостонскиот маратон Џохар Царњев, петорката од Централ паркот, па дури и убиецот на Џон Ленон, Марк Дејвид Чепмен. Освен овие случаи, Корнел ги има цртано Паф Деди, Мик Џегер, Марта Стјуарт, Доналд Трамп и Вуди Ален.

crtac9

 

„Да се биде цртач во судот е како да се натпреваруваш на турнир во брзо изработување на портрети“, вели таа.

Корнел била присутна на секое историско судење на мафијата во Њујорк. Таа е присутна во текот на сите појавувања на „Тефлон Дон“ на Џон Готи вклучувајќи го и неговото соочување со поранешниот подреден кој станал доушник, Салваторе „Бик Семи“ Граван, .

Прочитајте и:  Уметникот што ја создаде бананата залепена на ѕид: Делото е провокација за вредноста на уметноста

crtac7

„Готи беше лут како рис“, таа го опишува шефот на мафијата од семејството Гамбино. „Очите му светеа како жар – беше страшен кога беше лут.  Тоа беше прв пат некој кој бил на така висока позиција да сведочи против шефот. Дарвано признал 19 убиства“.

Корнел црта силувачи, убијци, дилери на дрога, педофили и крупни криминалци, најчесто за време на судењето од висок профил. Сето тоа е дел од нејзиното секојдневно ‘рмбање.

Кога имала 15 години, Корнел се запишала на Прат институтот и почнала да студира сликарство. Не ни помислила дека ќе се занимава со изработка на портрети на судењата.

crtac6

„Ептен ми се брзаше да станам самостојна и да студирам уметност“, вели Корнел, која била инспирирана од шпанските сликари Франциско Гоја, Пабло Пикасо и Хоакин Сороља. Таа, исто така вели дека својата работа во судницата ја нарекува хипер-реализам.

Во 1970 година нејзината постарата сестра Ајрин, инаку радио-новинарка на станицата WCBS од Њујорк, ја поканила да дојде со неа во судот во Трентон, Њу Џерси, каде што требаше да известува од некое судење. Таму видела група на судски цртачи на дело.

„Кој ќе знаеше дека оваа професија воопшто постои? Јас немав намера да станам судски цртач“, објаснува Корнел. „Морав. Ми требаше вистинска работа. Почнав да работам  фриленс, но многу наскоро тоа стана мојата кариера“.

Корнел се фати на мамката. Нејзиниот прв случај во средината на седумдесеттите години беше повторното судење на боксерот од средна категорија, Рубин „ Ураганот“  Картер (The Hurricane). Денес  Корнел сé уште патува низ светот и слика пејзажи, и редовно во галериите ги изложува и цртежите од судењата покрај фината уметност.

crtac8

Корнел своите дела главно ги продава на медиумите како што се CNN, NBC, CBS или Ројтерс, но нејзините портрети се наоѓаат и на местата како што е Музејот на телевизијата и радиото на Менхетн. И филмаџиите и продуцентите исто така ги откупуваат нејзините дела. Нејзините дела се на видно место во рамките на документарецот на Кен Бернс „Петорката од Централ Парк“. Таа добива од 500 до 2000 долари за една скица.

Корнел себе си се гледа како еден вид судски известувач. „Јас сум тука како антена и сунѓер“, вели таа. „Го работам она што го работат и останатите репортери само што јас тоа го цртам. Кога ќе го испратам судењето од почеток до крај, според цртежите може да се види што се случувало. Целата приказна е во цртежите. Мојата работа е сето тоа да го составам“.

 

 

 

 

- Реклама -