Новогодишни пакетчиња за децата просјаци во Скопје

Доколку имате облека, играчки, смоки, чоколада, балони и се што може да се смести во едно убаво новогодишно пакетче, можете да го донирате и со тоа да станете дел од една убава акција која годинава ја организираат група волонтери во Скопје.

santac

– Сакаме неколку дена пред нова година, да излеземе на улица и заедно со нашиот Дедо Мраз да делиме пакетчиња на сите дечиња кои просат или немаат можност да се израдуваат на новогодишни подароци. Сакаме цел ден да бидеме во центарот на градот и да делиме подароци и насмевки со сите луѓе кои освен што сакаат да донираат, може и директно да учествуваат во оваа акција и да поминат време со нас и дел од македонските пејачи кои се дел од ова. Благодарам на Т.А. Јупитер која ни излезе во пресрет да ни помогне и токму таму да го поставиме нашиот пункт за донации. Ги повикувам сите кои имаат нешто да донираат, тоа да го направат секој работен ден од 10 до 17 часот, следниве неколку дена, изјави водителот Ване Маркоски, еден од иницијаторите на акцијата.

Акцијата нема да заврши со делењето на пакетчињата, велат органзиаторите. Допрва ќе следуваат многу убави и слатки изненадувања, а сето тоа ќе биде документирано во убави видео спотови, со кои ќе се пренесе навистина силна емоција и ќе ја разбуди хуманоста кај сите луѓе.

- Реклама -