Циклуси – изложба на Крунислав Стојановски

Во петок со почеток во 20 часот, во Музејот на г. Скопје, македонскиот академски сликар Крунислав Стојановски, кој речиси 30 години живее и работи во Загреб, ќе ја отвори својата прва ретроспективна изложба насловена „Циклуси“.

kruno-portret-2

Со оваа постановка тој одбележува 20 години творечка работа. Авторот за првпат во својот роден град се претставува со најголемиот број дела од неговиот целокупен минат труд. На изложбата ќе бидат претставени слики поделени во осум творечки циклуси.

На изложбата во Скопје, ќе бидат прикажани голем дел од 400-те слики, кои се донесени од Загреб. Селекцијата ја направија Соња Абаџиева, историчарка на уметност и самиот автор.

Сликите се поделени во 8 циклуси, на кои авторот работи во континуитет од дваесет години. Најголемиот дел од нив се со експресивен карактер.

10466819_10208331375577224_1833949492_n

– Оваа изложба ми е од најголемо значење, затоа што е моја прва голема сликарска постановка во мојот роден град. Ова е ретка можност да се види добар дел од моето творештво, особено сликарскиот сегмент, на кој редовно му се навраќам, и физички и низ своите дела, зошто во сликите лесно се чита македонскиот ген и константната носталгија, вели авторот Стојановски.

Тој се занимава со сликрство, цртеж, изработка на амбиентални инсталации, фотографија, видео, пишување и едукација. Темите што преовладуваат во неговото уметничко творештво се оние што имаат социјална, хуманистичка, еколошка и политичка конотација, со посебен акцент на поединецот и на неговата улога, на можностите и на значењето во глобалното општество.

ciklus-Meandri-100x150-akril-platno-2010-640x320

Своето творештво го има претставено на повеќе од 40 самостојни изложби во Загреб, Пореч, Грожњан, Макарска, Осијек, Ријека, Ѓаково, Пакрац, Задар во Хрватска; Виена, Хелсинки и Еспоо, Финска, Скопје, Берлин, Торино, Ротердам.

- Реклама -