Смоук кројач, познат како Мистер Финч од Јоркшир, Велика Британија создава оригинални “скулптури” сошиени од ткаенина. При креирањето тој користи стари завеси, покривки, престилки, венчаници и секакви различни материјали.
За своите интересни фигури Мистер Финч црпи инспирација од цвеќињата, инсектите, птиците и растенијата кои ги среќава во близина на неговиот дом. Гледајќи ги одблизу, тој се обидува да ги зачува и најситните детали, а потоа да ги создаде од ткаенина.