Саудиска Арабија поведе воен сојуз против тероризмот

sa

Саудиска Арабија воспостави воен сојуз за борба против тероризмот. Нафтената монархија најави дека идната воена коалиција ќе вклучува 34 земји, главно муслимански, од арапскиот свет, Африка и Азија. Командата на воените операции ќе се води во Ријад.

“Ќе се бориме против секоја терористичка организација, не само против “Исламска држава”. Во моментов секоја муслиманска земја се бори со тероризмот самостојно, па затоа е многу важно да ги координираме напорите, изјави министерот за одбрана принцот Мухамед  Салман.

Во коалицијата ќе учествуваат армиски сили од Турција, Пакистан и Египет, како и оние кои страдаат од внатрешни конфликти – Либија и Јемен. Во иницијативата ќе се вклучат исто Мали, Чад, Сомалија и Нигерија – држави, каде што владата не може да се справи со терористите.

Иран отсуствува од објасниви причини, бидејќи тоа е главниот противник на Саудиска Арабија. Ирак и Сирија исто така не влегуваат во групата. Ријад е силно критикуван дека и покрај близината на Сирија и нафтените богатства не прифаќа доволен број сириски бегалци за разлика од другите земји во регионот.

- Реклама -