Што знаеме за камиказите или едноставно луѓето-бомби во услови на глобален свет? Едно е сигурно – додека не го разбереме феноменот, не можеме да реагираме ефикасно на слична терористичка пракса.
Главната разлика со камиказите од минатиот век е во тоа што денешните убијци-самоубијци се анонимни, нивните имиња ништо не значат и не постои никаков интерес за нив.
Во извесна смисла тие се еквивалентни на оружје
Ова, без сомнение, претставува еден нов степен на слеаност помеѓу човекот и оружјето во корист на оружјето.
Војната против тероризмот е посебен тип војна, без почеток и без крај. Всушност повеќето современи војни се водат така, на странска територија со локални групи.
„Исламска држава“ е меѓу главните привремени јадра на емитување на терористички напади. Привремени, бидејќи денес постои, презема “одговорност” за смртта која што ја сее, а утре ќе се појави друго јадро, како што претходно беа Ал Каеда, Хамаз, Хезболах, Ал Шабаб итн.
Колку и да се обидува да ја персонифицира одговорноста на противникот, таа не само што не се држи до персонификација, туку и јадрата на терористичките напади можат да произлезат секаде и во секој момент.
Тоа е во самата природа на организацијата: лицата се тешко препознатливи и поради слабата запознаеност на самите учесници меѓу нив.
Организација од типот „Октопод“
Овој тип на организираност е наречен “морска ѕвезда” и им припаѓа на организациите од типот “октопод” (какви што се, на пример, типичните мафијашки структури).
При обезглавувањето на октоподот, целата организација се урива или се неутрализира. Додека при сечење на ногата на морската ѕвезда, таа се регенерира, расте повторно и целиот систем се надоместува.
Добро е да се знае дека структурата “морска ѕвезда” има и некои современи бизнис модели во IT областа најмногу „Анонимуси“ , како и некои движења како “Occupy” и др.
Децентрализираната структура се самоуправување и принципот на нејзиното функционирање е иницијативата на секој учесник. Во извесна смисла, би можело да се каже дека се работи на принципот на доброволно самовработување.
Иако примерот е од областа на индустриската психологија и современиот корпоративен свет, со помош на истиот може да се направи одлична паралела помеѓу структурата “морска зезда” и современиот тероризам.
Во слична средина човечката психа бара референци. Традиционалните – национална и / или етничка припадност, државност, здравствено и едукативно осигурување, семејна стабилност, традиции. Луѓето го губат тлото под нозете и се чувствуваат се повеќе анонимни, атомизирани, несигурни, заглавени во живи песоци.
Друга карактеристика на современиот свет е неприврзаноста кон одреден национален, културен, семеен модел. Карактеристични за самоубиствени нагони и депресија се и генералниот став на отуѓеност од сè, на недостатокот на доверба во сè.
Сите овие карактеристики (традиционалните и современите) се посилно или послабо изразени според местата и системите на живеење.
Носталгијата по строгоста, дефиницијата и јасноста се стремат да пронајдат некаква компензација.
Депримираноста и преиспитувањето, недостатокот на доверба и почит во институциите, како и масовните стравови се постојани придружници во современиот живот.
Неизбежно е дел од луѓето – најранливите – да ги преживуваат овие трендови поостро и поболно, да се чувствуваат фрлени, отфрлени, десоциализирани, а кога кога кон психолошката предиспозиција ќе се придодаде и војна во која домовите и можноста за приходи и работа се загрозени, изгледите се сведуваат да нула.
Тоа се ризични социјални групи како оние во општества во кои се водат граѓански или етнички војни, етнички малцинства, млади луѓе неинтегрирани во образовните системи и деца без родителска грижа.
Тоа се главно, но не ексклузивно, втора, трета или четврта генерација имигранти во поранешните колонијални држави, главно во Европа.
А каде што сличен тип на средина е отсутен, директно се врши перење на мозокот на мали деца меѓу сопственото население.
Тоа се двата извора кои го напојуваат контингентот со луѓето-бомби. Психолошкото и социјално малтретирање ги доведува луѓето до неподносливост и до губење на идентитетот.
Стремежот „општеството“ да ги искористи ваквите луѓе за да реализира сопствени интереси е создавањето на соодветна пропаганда со која ќе ги убеди на убиствената-самоубиствена мисија да гледаат како на спасение, со што машинеријата целосно ги голта и тие се предваат на милоста на своите лидери и во името на „светата книга“ затоа што светите книги се директно отповикување на надежта за подобар задгробен живот и можности за манипулативна интерпретација од секој можен агол.
Значи луѓето-бомби се последното оружје на една немоќ. Тие се најочајното оружје на очајот и незнаењето.