Актерот што стои зад маската на Алф

Серијата “Алф” е една од омилените серии на милиони луѓе ширум светот. Ако сте пораснале во 90-тите, нема начин да не ги паметите Вили, Кејт, Лин, Брајан, како и досадните комшии.

ALF
Од излегувањето на серијата до ден-денешен многумина си го поставуваат прашањето – дали Алф е кукла или вистински човек. Првичните гласини гласеа дека вонземјанинот е кукла која се управува на конци и снимањето на една епизода е вистински хорор за режисерите и актерите, бидејќи одзема пеколно многу време.
На крајот, сепак, се покажа дека Алф е толкуван од човек облечен во костум. Човекот кој влегол во костимот на Алф се вика Михали Мезарос – Мичу (Mihaly Meszaros – Michu).

alf1

Мичу по потекло е Унгарец. Роден во 1939 година во Будимпешта, а висок е едвај 84 сантиментра, што го прави идеален за потребите на продуцентите. Живее во САД, Калифорнија од 1980 година. Тој бил дел од екипата на неколку филмови, од кои последниот е Warlock: The Armageddon. Несомнено, сепак, најголемиот успех, иако во сенка, останува одигрувањето на култниот Алф.

- Реклама -