Вкусна, освежителна и многу едноставна за подготовка.
Состојки:
250 г. шеќер во прав
250 г. путер
250 г. мелени бисквити
4 кисели јаболка изрендани без кора
5 банани
4 кесички шлаг
Подготовка:
Маргаринот изматете го со шеќер во прав.
Додадете ги мелените бисквити, изренданите јаболка и 3 изгмечени банани.
Обликувајте ја тортата со половина смеса.
Во средината ставете исецкани 2 банани и врз нив другиот дел од смесата.
Најгоре украсете ја со изматен шлаг.