Обично кога се зборува за Северна Кореја, се зборува за тиранија, лудиот диктатор или неговата фризура. Она што нема да го чуеме за Северна Кореја е нивната љубов кон невообичаено веселиот сенс за дизајн и безмалку тоталната посветеност на пастелни бои. Токму тоа е впечатокот на лондонскиот архитектонски критичар – Оливер Вејнврајт, по неговата тура низ земјата. Според него, прецизно поставените ентериери неизбежно потсетуваат на живите, шармантни, ексцентрични сетови на филмскиот волшебник Вес Андерсон.