Татко ми беше милијардер, а јас немав поима

Луѓето се шокираат кога дознаваат дека таткото на композиторот Питер Бафет е милијардерот и инвеститор Ворен Бафет, кој е третиот најбогат човек во светот.

Тие често велат: “Но вие сте толку нормален!”, вели во интервју Питер Бафет. Оваа нормалност, од која луѓето обично се импресионираат, не би требало да е воопшто изненадувачка, ако човек знае што значи да бидеш одгледан во целосна мистерија, за да станеш подобар човек.

Nimbit-Photo-copy

„Додека растевме, немавме поима со што се занимава татко ни. Беше доста мистериозно”, вели Питер Бафет, кој е најмалиот од трите деца на Ворен Бафет.

„Всушност, кога сестра ми пополнуваше некој формулар во трето или четврто одделение за тоа што работат нашите родители, таа напиша” анализа на безбедноста “и останатите мислеа дека она со кое што татко ни се занимава е да проверува алармни системи” продолжува Питер Бафет, кој е композитор, музичар и автор.

„Едно дете си вели: ‘Што значат сите овие броеви на страницата? И што точно е Њујоршката берза, купување, продавање, и се останато?’ Значи ние навистина не знаевме со што се занимава. “

Семејство Бафет задржува скромен и нормален начин на живот.

„Јас одев пешки до државното училиште во кое учев. Професорката по англиски беше истата што и предавала и на мајка ми,” објаснува Питер и покрај финансиските успеси кои ги имал неговиот татко.

На Питер му бил потребен четвртина век, пред целосно да дознае што точно прави татко му:

Peter-Buffett.

„Откривањето се одвиваше многу постепено. Веројатно имав околу 25 години. Вистината е дека додека растев, едноставно сето тоа богатство не беше околу нас.”

Ворен Бафет е познат по тоа што води сосема нормален начин на живот. Тој се ‘уште живее во истата куќа, која ја купува во 1957 година и преферира телефон со капак пред смартфон. Тој исто така сака да поминува поголем дел од денот во читање – навика која е постара од неговиот 57-годишен син.

„Тој читаше многу и се уште го прави тоа“, вели Питер.

„Ако денес влезете во куќата, ќе го видите истото што јас го гледав во 1965 година. Тој е само едно многу доследно човечко суштество.”

- Реклама -