Астронаутот Скот Кели од Меѓународната вселенска станица објави фотографија на која може да се види како изгледа Македонија од вселената.
„Поздрав до моите пријатели во Македонија“, напиша тој.
Поздрав и до него. Убаво е да се види како изгледа нашата земја од височините.