Ердоган му одговори на Путин: Ќе дадам оставка ако докажеш!

Не сме толку нечесни да купуваме нафта од терористи, тврди претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Претседателот истакна дека ќе поднесе оставка ако се докаже тврдењето дека неговата земја купува нафта од т.н “Исламска држава”.

erdogan-nafta

„Не сме толку нечесни да купуваме нафта од терористи. Ако се покаже дека сме го правеле тоа, ја напуштам функцијата. Доколку постојат докази, покажете ми ги веднаш“, рече Ердоган.

Претседателот на Русија Владимир Путин ја обвини Турција дека намерно го урнала рускиот авион за да ја зачува нафтемата соработка со ИСИЛ.

ПУТИН УДРИ ПО ЕРДОГАН: ТУРЦИЈА НАМЕРНО ГО СОБОРИ АВИОНОТ ЗА ДА ЈА ЗАШТИТИ СВОЈАТА НАФТА!
- Реклама -