Путин удри по Ердоган: Турција намерно го собори авионот за да ја заштити својата нафта!

Ја имаме секоја причина да веруваме дека одлуката да се собори нашиот авион е донесена поради тоа да се заштити испораката на нафта на турска територија, смета претседателот на Русија, Владимир Путин.

putin-nafta-erdogan
Тој ја обвини Анкара дека намерно го соборила рускиот авион.

Путин смета дека Турција сакала да ја заштити испораката на нафта која Исламската Држава и ја испраќа на земјата.

ТУРЦИЈА НЕМА ДА СЕ ИЗВИНИ ЗА РУСКИОТ АВИОН

„Ја имаме секоја причина да веруваме дека одлуката да се собори нашиот авион е донесена од желба да се заштити испораката на нафта на турска територија, изјави Путин на конференцијата за новинари во Париз.

Одговарајќи на прашањето дали Москва сака широка анти – терористичка коалиција, Путин одговори дека Кремљ секогаш ја поддржува таа идеја.

„Меѓутоа тоа не може да се направи додека некои продолжуваат да користат терористички организации за свои непосредни цели“, додаде Путин.

Рускиот претседател нагласи дека финансиската поддршка за терористите во Сирија продолжува.

„Неодамна имавме извештаи кои потврдуваат дека нафтата од територијата која што ја контролира ИСИЛ се испорачува во Турција и тоа во големи количини“.

- Реклама -