Борис Мајсторов – мајсторот на македонската радио програма

Многумина неговиот глас ги асоцира на цртаните филмови од деството, Meчето Ушко, приказните за добра ноќ, Златните години на македонското радио.

maxresdefault

Перидот кога радио програмата го доживува својот врв на нашите простори, Борис Мајсторов важи за еден од најсликовитите гласови, а сите го паметат неговиот уметнички израз кон културолошкиот развој преку етерот.

Борис Мајсторов  е роден во Велес во 1935 во текот на својата кариера работи како македонски актер, драматург и режисер.

Целиот свој работен век го поминал во Македонското Радио оставајки зад себе препознатливи антологиски ликови на „Дедо Аврам“, „Сто и една приказна“ и во режисерската реализација на емисијата „Глас од татковината“.

Мајсторов во Македонското Радио има оставено огромна фонотека од радио-драми, раскази, поетски интерпретации и хумористични емисии, а во Македонската телевизија безброј цртани филмови во кои го позајмувал гласот на сите познати детски јунаци.

Борис почина на 17 јануари во 2008 година.

Во продолжение поетска интерпретација на Борис Мајсторов на поемата „Солзи“ од Ален Гинзберг.

- Реклама -